Премиерот Димитар Ковачевски во интервју за „КликПлус“ на ТВ21 истакна дека Владата прави се за да обезбеди дополнителни антикризни мерки за граѓаните и стопанството во услови кога светот се соочува со една од најголемите економски и енергетски кризи после Втората светска војна. Претходните антикризни мерки дадоа одличен резултат, го намалија ценовниот шок и оптеретеноста на граѓаните и компаниите. Сега се работи на нови антикризни мерки.



