Претставници на ВМРО-ДПМНЕ од Унијата на Млади сили, Унијата на жени Унијата на ветерани, пратеничката група, општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Тетово… одадоа почит со длабок поклон и полагање на свежо цвеќе на местото на погибијата на десетемина бранители кои го загубија животот кај месноста Карпалак во 2001 година.
Веројатно предадени и во поширок сплет на околности за дефинирање на текот на војната во 2001 од страна на странските служби во Република Македонија, нападот врз конвојот во кој што се наоѓаа десетмината Македонски Маченици, до ден денешен останува нерасчистена мистерија без никој да не превземе одговорност за овој кобен настан.