Професорката Гордана Силјановска ја започна својата кампања за претставување пред членовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Нејзиниот прв настан за претставување беше пред членовите на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Ѓорче Петров-Скопје.
На средбата таа ги изнела своите визии и идеи за вршењето на идната претседателска функција доколку биде избрана на претстојните Претседателски избори.
Се очекува почеток на претставувањето на сите други кандидати кои поднесоа кандидатура до Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ во претстојниот период.