Во понеделник на 30 ти Септември на денот кога минатата година Македонскиот народ кажа Не! За преспанскиот договор, Не! За ЕУ и Не! За НАТО во Скопје пред делегацијата на ЕУ се организира масовен народен собир за одбележување на овој ден како денот на непокорот и непоткупливоста на Македонскиот народ.
Овој собир е поддржан меѓу другите и од Граѓанската иницијатива за формирање на политичка партија Родина кои исто така се придружија и на Прогласот на Македонскиот народ упатен до Европската унија, НАТО, САД, ООН, членките на Советот за Безбедност на ООН во кој се вели:
Подржано од Родина,
Проглас на македонскиот народ
До: Европската унија, НАТО, САД, ООН, членките на СБ.
Ние, македонскиот народ, Суверенот на Македонија, тој кој ги даде своите најдобри синови и ќерки во милениумска борба за слободна Македонија, тој кој ја крена антифашистичката борба и стоилјадната македонска армија и кој на Народно Собрание ја подигна независна АСНОМска Македонија на еден дел од нејзината територија, никому не дадовме право, ниту легитимитет да промени име на држава, идентитет и да нѐ вклучи во меѓународни организации кои во континуитет ја разградуваат нашата држава.
На Референдумот од 08 Септември 1991 година, повторно и јасно, ја искажаваме народната воља за независна и суверена Македонија.
На Референдумот од 30 Септември 2018 година, јасно кажавме,
НЕ на антиуставниот, нелигитимен, спротивен на меѓународното право, Преспански договор,
НЕ на НАТО,
НЕ на ЕУ.
На референдумското прашање „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?“
Од 1.806.336 граѓани запишани во Избирачкиот список, гласале 666.743 граѓани или 36,91 проценти од вкупниот број граѓани запишани во Избирачкиот список. Бројот на неупотребени гласачки ливчиња изнесува 1.139.593. Да напоменеме дека во тие 36.91 проценти влегува и масовното полнење на кутии.
Претседателот на Државната изборна комисија Оливер Дерковски го соопшто исходот од референдумот „Одлуката не е усвоена бидејќи не гласале повеќе од половината од вкупниот број граѓани запишани во Избирачкиот список“
Ние, македонскиот народ, бараме одговорност и започнување истрага за сите учесници во државниот удар,хибридната војна и геноциден проект „Северна“, за вмешаноста на странските служби со кои Зоран Заев се закануваше низ државата и ја урна вољата на македонскиот народ, за терористичкиот напад кој започна од територијата на западниот меѓународен протекторат Косово, како и за улогата на невладиниот сектор финансиран од страна на западните невладини организации.
Сите тие се соучесници во уривањето на уставниот поредок на Р.Македонија и за нив бараме меѓународна истрага.
Голем срам е за една само декларирана учителка по демократија како што сака да се прикаже во светот ЕУ и западната меѓународна заедница, со своите активности да биде вклучена во кршење на основните човекови права на еден народ, со своите веќе видени по светот методи за уривање на држави.
Македонците товарот на империјализмот, непосредно или спроведен преку неговите балкански сервиси го доживеаа со сета своја тежина. Нема да ви успее поништувањето на македонскиот народ за да ги покриете старите гревови направени во 19 и 20 век. Македонците не ги забораваат раните кои ги извршивте врз нас и кои во новото време повторно во големи размери ги вршите низ светот.
Затоа, денес од тука прогласуваме дека ја почнуваме борбата за почитувањето на народната демократска Референдумска волја – НЕ за Преспанскиот, НЕ за НАТО и НЕ за ЕУ, која ја прогласуваме за обврска на секоја идна македонска власт после падот на однадвор-инсталираната хунта како и обврска на меѓународната заедница за почитување на референдумската волја на македонскиот народ.
Затоа не сакаме да влеземе во вашите сојузи ЕУ и НАТО и било кој друг, каде Македонците и македонската држава веќе не постојат. Не ви даваме легитимитет за геноцид.
Никогаш Северна,
Секогаш Македонија!
Прогласот ќе биде прочитан пред ЕУ и доставен на директна адреса на гореспоменатите, како и до медиумите од земјата и светот.
Превземено од Родина