Со цел конкретно да покажеме дека сме посветени во процесот на изнаоѓање решение, најавувам дека нашата Влада ќе го промени името на аеродромот и автопатот. Автопатот ќе се вика „Пријателство“. Напиша премиерот Зоран Заев на неговиот Твитер профил
Претседателот на владата на Грција, Алексис Ципрас, на заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев во Давос најави дека преговарачкиот процес се приближува кон крајот и истакна дека заедничкото решение треба да е ерга омнес (име за севкупна употреба што подразбира и промена на уставот на Р.Македонија).
„Денес многу луѓе нè гледаат од двете земји – едни со скептицизам и загриженост, други со оптимизам. Го кажувам ова бидејќи нашата цел не е само да го решиме спорот за името, туку и билатералните односи да ги поставиме врз основа на заемна доверба. Мора да најдеме решение за сите нерешени прашања“, рече Ципрас.
Додаде дека позицијата на Грција е исчекор напред за обезбедување стабилност и изнаоѓање решенија.