Денеска (четврток 12.12.2019 година) со почеток во 19.00 часот во Домот на културата “Кочо Рацин” (Дом на градежници)- голем салон во Скопје ќе се одржи Промоција на книгата „Енциклопедија на македонски имиња“ од архимандрит Иринеј Стефановски
Промотор на делото ќе биде Игор Радев а издавач е Книгаиздателство Ми-Ан.
Во книгата се опфатени 2 000 имиња. За секое име е дадено неговото потекло, значење и толкување. Значењето, првенствено, се открива етимолошки, според зборот од каде што доаѓа името. Толкувањето е дадено кај оние имиња чие значење ја надминува буквалната смисла на зборот или зборовите од кои е составено. Дополнително, за секое име е наведено кога слави именден, односно кој светител или со кој новозаветен настан, е тоа поврзано.
Настанот е организиран од Книгоиздателство Ми-Ан


