Во последниот извештај на Институтот за јавно здравје кој се однесува за 2016 год, стои:
„… Кујната во болницата во Штип се наоѓа во лоша санитарно-хигиенска состојба, не ги задоволува условите за безбедно подготвување на храната и затоа има вакви наоди со микробиолошките анализи. Таму се изолирани E.coli и Enterobacteriaceae во 2 оброци, а во брисевите е утврдени зголемен вкупен број на бактерии и Enterobacteriaceae, што укажува на неодржување на хигиената и дезинфекција…“
Новото раководство во 2017 г кога стапи на функција уште првите неколку месеци се пофали дека е подоврена хигиената во болницата. Меѓутоа овие извештаи ја говорат другата вистина. Затоа пред да се шетаат и сликаат директорите и министрите пожелно е прво нешто да направат за животот и безбедноста на пациентите.