Дел од жителите на Ресен излегоа на протест за да го спречат гаснењето на струјата во нивните домови. Во знак на револт и бес што ЕВН им ја исклучила струјата, тие запалија предмети и го блокираа магистралниот пат Битола-Охрид кај местото Стара Слога.
Ранлива категорија, приматели на социјална помош останаа без струја, каде повеќето семејства се и со малолетни деца.