Денеска во партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ своја работна средба со италјанскиот амбасадор во Република Македонија Андреа Силвестри оствари Претседателот на партијата Христијан Мицкоски.
На средбата било разговарано за повеќе актуелни политички прашања од интерес за Република МАкедонија како и за Македонските евроинтеграции.
Врз основа на севкупната кризна состојба во Република Македонија Претседателот на опозициската партија уште еднаш го афирмирал ставот дека е потребно да се организираат предвремени парламентарни избори со што граѓаните ќе имаат можност да изберат власт различна од таа што ги продуцираше овие кризи во енергетиката, здравството, економијата….


