• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија
Политика

Расклинкана мрежата на дејствување во случајот “Рекет”

февруари 18th, 2020 Македонија, Политика коментари 598

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Расклинкана мрежата на дејствување во случајот “Рекет”

Синоќа на вонредна прес конференција Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во јавноста изнесе клучни информации околу инволвираноста и поврзаноста на Зоран Заев со Катица Јанева во активностите околу најголемиот коруптивен скандал во современата МАкедонска држава, случајот Рекет.

Во продолжение во целост ја пренесуваме прес конференцијата на Александар Нииколоски:

“Причината зошто ја одржуваме оваа прес конференција вака доцна навечер е што сметаме дека денес е најсуштинскиот ден во случајот Рекет откако се отвори и очекувавме цел ден да има реакција и од СДСМ и владата и од семејството Заеви.

До овој момент единствената реакција стигна само од претседателот на државата Стево Пендаровски кој што јасно кажа дека немал средба со Катица Јанева.

Имено денес разбравме од посебно истражни мерки легално прибавени од страна на обвинителството дека Катица Јанева во текот на месец август, откако случајот беше и формално отворен со приведувањето на другите двајца во тоа време осомничени, а сега веќе еден осуден, остварила минимум една средба со тогаш премиерот Зоран Заев.

Имено Катица Јанева отишла на кај резиденцијата на претседателот и премиерот имајќи предвид дека претседателот на државата веќе демантираше дека била кај него, односно кажа човекот дека во резиденцијата живее од октомври 2019 година, а средбата е во август 2019, јасно е дека средбата е со Зоран Заев.

Второто за кое што не треба да претпоставуваме туку е јасно, видено и покажано е дека Зоран Милески Кичеец имал средба со Вице Заев, братот на Зоран Заев. Значи, Зоран Милески Кичеец имал во текот на јуни и јули месец средба со Вице Заев.

Се поставува прашањето, за што зборувале на овие средби? Која е содржината на тие средби и секако како е возможно да се среќаваат доколку претходно немаат комуникација и не се познаваат. На средбата бил и фамилијарниот адвокат на Заев.

Ако е точно дека Зоран Заев самиот го пријавил случајот Рекет како што тврди, иако не видовме никаков доказ за тоа, и никаква писмена белешка, тогаш што барал еден од осомничените во Владата, со кого се среќавал во владата и што барал на средба со Вице Заев, брат на тогашниот премиер Зоран Заев.

Понатаму, она што е многу индикативно е што не добивме образложение денеска по однос на доказот број 148 зошто немаме тонски запис прикажан во судот. Имено, согласно член 18 од Законот за следење на комуникации каде се предвидува тонско снимање на содржината на комуникациите на лица на отворен простор, значи лица кои што се следат на отворен простор на средби кои што ги имаат, покрај тоа што се покриваат физички, со камери и со видео, се покриваат и тонски. И тоа е јасно во членот 18.

Исто така од приказот на посебните истражни мерки не се добива впечаток дека истражителите само го фотографирале и направиле видео од средбата, туку јасно е дека има и тонско снимање.

Прашањето до јавноста е, зошто ова тонско снимање не е прикажано денеска во судницата, односно прашањето е дали мерките со план не се спроведени, со што е прекршен законот и членот 18 или не истите не се објавуваат во јавноста со цел да се скрие содржината на истите.

Доколку во судот не се прикажат посебните истражни мерки во вид на тонски запис од разговорот на Вице Заев во тој момент осомничен во случајот Рекет, тоа ќе значи дека истражителите на МВР ќе бидат ставени во опасност за прекршување на законот како што наложува членот 18, затоа што или свесно го прекршиле законот или се прикриваат докази.

Ние ги повикуваме надлежните лица во овој случај да ги објават тонските записи во рамки на судот, за да види целата македонска јавност што зборувале Вице Заев и еден од осомничените во случајот Рекет.

Исто така повикуваме најбрзо можно Зоран Заев да каже што зборувал неговиот брат со еден од осомничените, како и тоа што тој зборувал во август месец со Катица Јанева.

А од обвинителството бараме да ги повика овие лица да дадат искази затоа што  е недозволиво во оваа фаза кога имаме евидентни докази да истите   се затскриваат.

Ова е врв на овој скандал кој што само покажува дека тројцата обвинети во Рекет се само врвот на ледениот брег , дека она што го зборувавме со месеци е дека ова е добро планирана акција планира од самиот врв на СДСМ и на власта, во којашто се рекетирани повеќе од еден бизнисмен, и во којашто се изрекетирани далеку повеќе пари од ова што е сега познато.

Денеска добивме потврда од судот, за жал обвинителството направи обид да ги скрие односно заштити семејството Заеви. Тоа мора да престане и затоа мора да има одговорност.

Уште еднаш повикуваме, содржината на разговорите помеѓу Вице Заев и еден од осомничените да бидат објавени, како и да биде објавена целосната снимка, каде што се гледа дека Катица Јанева се среќава со Зоран Заев.

Очекуваме одговори од семејството Заеви за што разговарале со овие луѓе, како се познавале, која е природата на нивната комуникација и познанство, и дали ова ќе го потврди она што целата македонска јавност го знае дека само овие луѓе биле извршители, а само наредбодавци биле лично врвот на СДСМ и семејството Заеви.”

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Илија Димовски: Следува кампања на СДСМ во која сабајле ќе координираат судски и обвинителски постапки, а вечер на митинзи и телевизија ќе врескаат против тоа
Следна објава Игор Јанушев на работна посета на Бизнис секторот и граѓаните во Делчево и Македонска Каменица
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 708
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 643
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 666
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 1322
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 599
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 692
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 367
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 458
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 668
Жена на денот
Ева Грин e една од најелегантните femme fatale во светот која држи до својот див карактер

Ева Грин e една од најелегантните femme fatale во светот која држи до својот див карактер

1185
Маж на денот
Џуд Ло - Романтичар , скриен помеѓу принципиелноста

Џуд Ло - Романтичар , скриен помеѓу принципиелноста

2205
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско
Што да се види?

Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско

Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец
Што да се прави?

Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец

Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото
Што да се прави?

Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото

Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони
Што да се види?

Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони

Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско
Што да се прави?

Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско

Неделни топ 5 на Брегалнички
Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната
Македонија

Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната

Окт 15th, 2019 1474
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Повик за учество во културно-уметничката програма „За подобар видик“ од Општина Кочани по повод 3 декемри, Денот на лицата со попреченост
Регион

Повик за учество во културно-уметничката програма „За подобар видик“ од Општина Кочани по повод 3 декемри, Денот на лицата со попреченост

Ное 12th, 202219
Вистината боли, но таа е!
Матна Брегалница

Вистината боли, но таа е!

Сеп 4th, 202219
Сакаме вакви дресови
Матна Брегалница

Сакаме вакви дресови

Сеп 22nd, 201918
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.