Денеска во просториите на општинската зграда се одржа работен состанок меѓу градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов со директорот Беким Максути и претставници од Дирекцијата за заштита и спасување.
На работната средба, врз основа на склучениот договор меѓу Дирекцијата за заштита и спасување и Општина Кочани, беше извршено распределување на набавената противпожарна опрема на Територијалната противпожарна единица – Кочани.
Набавената противпожарна опрема вклучува спасувачки систем за стабилизирање и подигање при елементарни непогоди, комплексни сообраќајни незгоди, како и опрема наменета за спасување од поплави, во вредност од околу 3 милиони денари.
Извор: Општина Кочани