Република Македонија, Проект за подобрување на општинските услуги – МСИП
Договор за заем бр.8158 – MK
MSIP-NCB-065-17
Општина Кочани
ПОТПРОЕКТ: Изградба на две улици во општина Кочани
Општина Кочани преку Проектот за подобрување на општинските услуги, финансиран со заем од Светска банка, обезбеди финансиски средства за реализација на потпроектот Изградба на 10 улици во општина Кочани. Преку остварени заштеди при имплементација на истиот, се одобрени средства за доизградба на уште две улици во општина Кочани.
Потпроектот предвидува: изградба на улицата „Карпошово востание“ во Кочани; изградба на улицата „Карпошово востание“ во Кочани – крак 1; дополнителни работи за изградба на улицата „Карпошово востание“ во Кочани – крак 1; дополнителни работи за изградба на улицата „Карпошово востание“ во Кочани – крак 2; изградба на улицата „АСНОМ“ во с.Оризари, Кочани – крак 1.
Имплементацијата на потпроектот е предвидено да трае 2 (два) месеци.
Подетални информации за потпроектот може да пронајдете на следниов линк www.kocani.gov.mk