• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија
Став

Реакција на дел од “Волците” во врска со позирањето на Шеќеринска со обележјата на УЧК

мај 31st, 2020 Македонија, Став коментари 1139

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Реакција на дел од “Волците” во врска со позирањето на Шеќеринска со обележјата на УЧК

На социјалните мрежи е објавено писмо со реакција на дел од припадниците на Батаљонот за специјални намени- Волци.

Истото го пренесуваме во целост:

Отворено писмо од дел од припадниците на ВОЛЦИ, по повод гестот на министерката за одбрана Шекеринска:

Предавството од своите боли повеќе од куршумот на непријателот

Политиката никогаш не била и никогаш нема да биде наша работа. Ние на оваа држава служиме со било која власт, бидејќи нас политика не не интересира. Нас не интересира безбедноста на државата и сигурноста на граѓаните. Сите ние во Батаљонот за специјални намени – ВОЛЦИ сме ги отпишале нашите животи уште кога сме пристапиле во единицата и единствено за што служиме е нашата мајка МАКЕДОНИЈА и иднината на нашите чеда да растат безгрижни и среќни, а МАКЕДОНИЈА СЛОБОДНА.

Предавството од своите боли повеќе од куршумот на непријателот. Ова ние најдобро го знаеме и го искусивме неколку пати наназад во нашето постоење, но во период кога главна тема во министерството за одбрана е кога ќе биде расформирана нашата единица, нашата министерка отиде гордо да се слика под симболите на џелатите на многу наши браќа и колеги. Неа помили и се УЧК, отколку ние. Разбираме, се ближат избори треба да собира гласови. Но, со ова не понижи, не разгневи и им плукна на храбрите јунаци и сите загинати бранители од војната во 2001 кои животот го положија за многу граѓани вклучително и она да си го гледа детето како и расте насмеано.

ВЕЧНА ИМ СЛАВА на нашите браќа, Роберт Петковски, Бобан Трајковски, Миле Јаневски, Игор Костески, не загинаа за ова и не го заслужија ова. Нивните семејства не заслужија да го гледаат овој резил од министерка и продадена душа за грст гласови и пари. Тие, јунаците, кои својот живот го положија кај Вејце, денеска нашата срам од министерка јавно ги поплука нивните херојства и неправедно одземени животи. За таа денес да го гледа своето среќно дете како расте, нивните деца секој 28 април го преколнуваат и го поминуваат во солзи. 19 години непребол и длабока тага, за Шеќеринска да се слика гордо со УЧК. СРАМ ДУШАТА ДА И ЈА ИЗЕДЕ. Ама за да и ја изеде срам треба да го има, а таквите како нејзе никогаш не ни имале срам.

НИЕ, припадниците на ВОЛЦИ сме луѓе од народот, обични, но со големо срце. Херои се само оние браќа и колеги кои го дадоа животот за ова мало парче земја што го раскрмчија политичарите. Храбри, праведни и чесни бранители на МАКЕДОНИЈА. Никогаш ништо не сме барале, никогаш во ништо не сме се мешале. Наша обврска е да бидеме секогаш и секаде први кога се работи за одбрана на МАКЕДОНИЈА.

Ова јавно понижување кон нас и сите припадници на специјалните единици и безбедносните структури во МАКЕДОНИЈА, скапо ќе ве чини. Радмила Шеќеринска и оваа Власт имаат непријател од кого треба да се плашат. Политиката ги премина границите, а Радмила ни плукна директно во лице.

Радмила може да биде министерка во фотелја, ама нас никогаш повеќе. Можете да не понижувате, расформирате, предадете, пробате да не уништите, ама ние секогаш ќе бидеме тука за мајка МАКЕДОНИЈА. Едно да запаметиш, многу како тебе сме издржале и не успеале да не уништат, нема ни ти. Завршено ти е времето.

СЕКОГАШ И СЕКАДЕ ПРВИ! ВЕРНИ НА БОГ – МАКЕДОНЦИ ДО ГРОБ!

Со должна почит кон државата и народот и голем гнев кон Радмила Шеќеринска

Дел од припадниците на Батаљонот за специјални намени – ВОЛЦИ

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Поради неспособноста на владата еврообврзницата ги оштети граѓаните за 21 милион евра
Следна објава Јане Ченто: ПРОГЛАС ЗА ПРАВДА
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 151
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 144
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 158
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 699
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 166
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 207
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 50
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 122
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 144
Жена на денот
Брижит Бјанка Ван Дам-опасна како и татко и'

Брижит Бјанка Ван Дам-опасна како и татко и'

365
Маж на денот
Пирс Броснан- Еден од најубавите и најуспешните мажи во светот

Пирс Броснан- Еден од најубавите и најуспешните мажи во светот

1672
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната
Што да се прави?

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната

Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец
Што да се прави?

Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец

Хидрографски карактеристики на Делчево и дел од Брегалничкиот регион-предуслов за развој на зголемена стопанска дејност
Што да се прави?

Хидрографски карактеристики на Делчево и дел од Брегалничкиот регион-предуслов за развој на зголемена стопанска дејност

Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче
Што да се прави?

Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче

Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско
Што да се види?

Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско

Неделни топ 5 на Брегалнички
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 2019 339
Стари Македонски поговорки во северен манир во интерпретација на Владо Јовановски
Македонија

Стари Македонски поговорки во северен манир во интерпретација на Владо Јовановски

Авг 7th, 201923
Пред Стефан Душан и Стефан Милутин бил Македонски цар
Македонска бесмртност

Пред Стефан Душан и Стефан Милутин бил Македонски цар

Сеп 23rd, 201921
Кога навистина и од кого е ослободено Царево Село (Делчево) во II Светска војна
Македонска бесмртност

Кога навистина и од кого е ослободено Царево Село (Делчево) во II Светска војна

Сеп 19th, 202121
Кирацовски:  Граѓаните можат да направат сериозна разлика помеѓу она што ние како Влада го сработивме за две и пол години и тоа што 11 години ВМРО-ДПМНЕ го правеше
Македонија

Кирацовски: Граѓаните можат да направат сериозна разлика помеѓу она што ние како Влада го сработивме за две и пол години и тоа што 11 години ВМРО-ДПМНЕ го правеше

Апр 10th, 201920
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.