Дербито на 18. коло на источната група во Втората лига се одигра на „Никола Мантов“ во Кочани, каде Осогово и Брегалница од Штип ремизираа, играјќи 2-2. Прекрасен амбиент, 2.000 гледачи, топло време и две мотивирани екипи се сретнаа во второто соочување на големите источки ривали. За разлика од дуелот во Штип во септември минатата година, денес во Кочани, домашниот Осогово покажа карактер и остана непоразен и покрај двете гостински водства.
Водечкиот гол на натпреварот го постигна повратникот во штипскиот напад, Лазар Илиев во 15. минута. Сепак, Митревски со убав гол од слободен удар во 35. минута израмни на 1-1, резултат со кој се замина на одмор.
На почетокот од второто полувреме со голот на Оливер Христов, гостите повторно поведоа до 55. минута, но 15 минути подоцна Паунов со уште еден убав гол ги постави финалните 2-2. Натпреварот мина во коректна атмосфера, исполнето гледалиште и две навивачки групи на соседните источни ривали