Со декодирањето на геномот на коронавирусот ќе се забрза процесот за развој на вакцината и подобро ќе се разбере еволуцијата на вирусот.
Руски научици успеале да го издвојат за првпат во целост комплетниот геном на коронавирусот како што потврдува руското Министерство за здравство од пред неколку денови.
“Коронавирусот е нов за нас, па затоа од клучно значење е да го идентификуваме патот на неговото ширење и влезот на наша територија и неговите мутации.
Овие информации ќе помогнат во развојот на вакцините и антивирусни лекови за третман на коронавирусот.”
-соопшти Дмитри Лиознов кој што е директор на Истражувачкиот институт за инфлуенца “Смородинцев”, а чии што научнници го извршиле декодирањето а геномот.
Набргу овие информации ќе бидат испратени до Светската здравствеа организација и ставени на располагање во базата на податоци за научниците од другите земји да имаат пристап до истите.
Во меѓувреме научнници од државниот истражувачки центар за вирологија и биотехнологија “Вектор” од Новосибирск успеале да снимат фото материјали од Ковит-19 под микроскоп.
Вака изгледа вирусот кој што го промени начинот на живот на целото човештво на планетата земја:



