Интегрален текст на фејсбук статус на актерот, режисер и писател Сашо Тасевски:
“Со каква леснотија Заев ги нарекува пријатели Бугарите, а Бојко си го нарекува брат, се си мислам дека го нема прочитано нивниот меморандум до ЕУ.
Не верувам дека и неговите од партија го прочитале.
Е па, да ви олеснам да не го читате цел, еве ги поентите на Меморандумот на Бугарија за нашиот пристап во ЕУ:
1. Македонците како народ сме производ на етнички и јазичен инжинеринг. Замислете, дошол Тито и рекол, за да ги заебам бугариве ќе формирам македонски народ. Инаку пред него србите се обиделе да создадат од тој народ јужносрбијанци ама не им успеало. Но кога дошол Тито одма од нив направил македонци. (Прашуваме: Е како бе така Тито лесно ги убедил дека се македонци ако пред тоа биле бугари? А на србите не им успеало да ги направат срби)
2. Значи македонскиот идентитет постои од 1944 година. Комунистите го измислиле. Пред комунистите сите се кажувале дека се бугари.
3. Македонија е географска област која им припаѓа историски на неколку држави и никој нема право да користи израз македонско во својот идентитет. Затоа бараат се што е наше македонско, да се означува дека е со потекло од Северна Македонија.
4. Бугарите ја потсетуваат ЕУ дека ако не се согласиме на ова, не можеме да бидеме дел од неа, зашто ете имаме отворени прашања со сосед кој е член на ЕУ. Овие поенти друже Заев докажуваат дека тој меморандум во својата ДнК е УЛТИМАТУМ.
Па ти сега види со брат ти Бојко што ќе договориш. А бе лејки, баталете ја таа ќорава работа со бугарите. Свикајте го собранието, излезете со меморандум во кој недвосмислено ќе го отфрлите ултиматумот на Софија, па што сака нека биде.Нека блокираат влез во ЕУ, нека влезат со војска ко што сонува Каракачанов. Застанете барем еднаш во одбрана на својот народ.
Не знам што уште преговарате со нив? Ни мочаат на лице, вие уште сте зинале… Да преговарате и да се братимите. Мрш бе.
И за Тито да ви кажам кого не можете органски да го поднесете. Да не беше фер и да не се договори со Димитров, Бугарија требаше да плаќа воени репарации за окупацијата на Македонија. Ете ви малце историја, ама не бугарска, фризирана и нашминкана”


