Во интервју за ТВ ТЕЛМА директорот на МЕПСО Куштрим Рамадани зборуваше за ефектите од работењето на македонските енергетски власти и последиците предизвикани од прекумерното трошење на струја од страна на МАкедонија од Европската енергетска мреѓа. На прашањето од новинарот Огнен Чанчаревиќ:
– Какви може да бидат одлуките на ENTSO-E? Што е најдоброто а што најлошото сценарио? И колку тоа би чинело? МЕПСО и државата?
Директорот на МЕПСО Куштрим Рамадани соопшти: Најдоброто сценарио е што ние ќе мора овие направени дебаланси сега за неколку дена да ги платиме и дополнително имавме закани дека поради пореметување на фреквенцијата ќе ни фактурирале по милион евра дневно, што ние сега се докажуваме со нив дека не сме направиле такво пореметување и се надеваме дека барем во тој аспект, значи ова второто, по милион евра на ден да не мораме да го платиме кон Европската мрежа. Во секој случај, кон крај на Ноември е планиран состанок на одборот на директорите на ENTSO-E, но сепак да повторам дека ова не е работа за која ќе се одлучува денеска или утре, најбитно е ние во наредниот период да не правиме отстапувања.
Целата изјава на директорот на МЕПСО за ТВ ТЕЛМА погледнете ја во видеото во продолжение: