Транспарентноста на институциите, јавната дебата за сите општествени прашања во државата со кои ветувања Зоран Заев од позиција на челник на СДСМ дојде на власт на сите нивоа во Македонија, остана само шарен збор за сеќавање на изминатите турбулентни времиња.
Откако во повеќе наврати беше прозивана за своето неуспешно работење во Министерството за одбрана од страна на членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки, Министерката за одбрана Радмила Шеќеринска не смогна сили да одбере термин и место за дебата за сите актуелни прашања од нејзиниот домен на работа од интерес на целокупната Македонска јавност.
Ваквата малодушност и бекство на Шеќеринска од дебата не е ништо ново за познавачите на состојбите во СДСМ, за што сведочат безброј пропагандни шоуа на актуелните државни функционери на СДСМ на сите нивоа во државата во строго контролирани медиумски услови на еднострана комуникација со јавноста.
Во врска со бегството на Радмила Шеќеринска од јавна дебата Ковачки упати своја јавна реакција преку социјалните мрежи, чија што содржина во продолжение во целост ја пренесуваме:
“Откако во неколку наврати на нејзини прес конференции, а особено во интервјуто на една национална ТВ бев лично споменуван од страна на членот на СДСМ и Министер за одбрана, г-ѓа Радмила Шекеринска, и’ понудив да си избере телевизија и водител со цел да ги соочиме аргументите, а се’ со цел јавноста да биде правилно и правовремено информирана.
За жал, иако се гордее со транспарентоста која досега не ја видовме, до овој момент не добив известување дека г-ѓа Шекеринска е подготвена за реализација на ТВ соочувањето во делот на ресорот кој и’ е доделен да го води. Шекеринска бега од соочување затоа што нема што да каже. Свесна е дека нејзините киксови во одбраната ќе имаат долгорочни негативни последици по одбраната и дека сепак има некои кои не паѓаат на нејзиниот ПР.Бегањето од фактите не е решение. Г-ѓо Шекеринска, граѓаните заслужуваат одговори. Заборавивте ли дека тие Ве плаќаат или си го користите Уставното право на слободен говор само кога имате однапред договорени и нарачани прашања?Се мислам, на толку фалби и нејзини јавни објави дека Армијата во 2017 и Армијата 2021 биле како “небо и земја”, што ли е тоа што ја спречува министерот за одбрана да излезе на ТВ дуел?
Сепак, ми се чини дека стравот од соочувањето со искажаните невистини се најголемата пречка.Г-ѓо Шекеринска, културно Ве повикав на ТВ дуел за да ме гледате во очи кога ме споменувате во вашите неиздржани со факти наративи, но очигледно е дека сте презафатени со подготовките за заминување. Додека се мислите кој наслов да го дадете на мемоарите, не заборавајте дека вие сте прв и последен министер под чие раководство војници даваа заклетва без никакви државни и армиски обележја на униформите.Вие сте и прв министер за одбрана кој јавно објавил класифицирани документи на фејсбук, а притоа не бил санкциониран. Па такво нешто немаше ниту од Талат Џафери.
Вие сте прв министер за одбрана во чие време истекоа снимки од безбедносни камери и за тоа не беше санкциониран никој. Вие ја злоупотребувате функцијата што Ви ја дадоа Заев и Николовски за партиски пресметки и мислите дека никој не го гледа тоа? Каде Ви се реформите на Прибе и до кога ќе ги злоупотребувате службите за партиски цели?Вие сте прв министер за одбрана кој пренамени пари наменети за одбрана на државата за партискиот и срамен референдум за бесплатни вакцини во ЕУ. И пари дадовте и пак не успеавте да ги прелажете Македонците. Има некои работи што со пари не се купуваат, како на пример чест и достоинство. Но, тоа за Вас се непознати термини, нели?
Г-ѓо Шекеринска, Вие како министер за одбрана седевте во лежерна атмосфера со високо профилирани криминалци и договаравте закон за јавно обвинителство. Да не било нешто друго во прашање?Вие сте прв министер за одбрана што смени Закон за одбрана за да се спаси од потпишување на набавките и успеавте одговорноста да ја префрлите на Владата. Што мислите, тој кукавички маневар никој не го виде?
Вие сте прв министер за одбрана што во рок од една година 2 пати прави измени на Закон за служба во АРМ. Законите не Ви се турски дефтери па што на ум тоа на друм. Или по партиска потреба, ќе си менувате закони согласно дневната политика? Па што Ви е парламентот на Вас, гласачка машина?
Зошто не ја кажете вистината и не и’ кажете на македонската јавност дека бегате од предложеното законско решение на ВМРО-ДПМНЕ само затоа што Ваши блиски ќе мора да заминат во пензија по сила на закон, а не по Ваша волја како што Вие предлагате?
Вие сте прв министер за одбрана што сними партиски спот во работно време во зградата на Министерството и со офицери во униформа, а обвинувате за партизација. Нели Ви се чини дека со таквите ставови сте котрадикторни?
Вие сте прв министер за одбрана кој направил избор на персонал пред да заврши процедурата. Зошто до ден денешен Македонија нема претставник во НАТО?Вие сте прв министер за одбрана кој се гордее дека работи за АРМ, а всушност се’ што правите е само ПР и себепромоција.Доказ за тоа е 6 место ама отпозади на “нашата” армија во светски рамки.
Г-ѓо Шекеринска, се гордеете што сте купиле униформа од Србија во период кога во Македонија се отпуштаат текстилни работници. Имате ли процент од таа набавка или се е чесно и транспарентно? Шекеринска, Вие се гордеете со тоа од кое јас се срамам.


