Пред војната во 2011 година, Либија беше рајот во Африка. Може да се каже дека земјата пред 2011 година беше држава со највисок животен стандард на целиот континент.
Тогаш во 2011 година избувна ненадеен бунт на опозицијата по што цела Либија беше клекната на колена. Притоа воена коалиција на повеќе држави и НАТО решија да го тргнат од власт режимот на Моамер Ел Гадафи и да инсталираат власт под контрола на Обединетите Нации.
Првично беше спроведен напад на Либија од страна на коалиција на САД, Британија, Белгија, Данска, Канада, Франција, Шпанија, Норвешка, Катар и Италија. Потоа оваа воена коалиција се прошири со Белгија, Бугарија, Грција, Холандија, Романија, Јордан, Шведска и Обединетите Арапски емирати.. 19 различни земји и НАТО Алијансата одлучија да ја уништат суверената земја Либија на барање на силите кои носеа одлуки во овие држави.
Либија беше уништена затоа што Гадафи многу храбро пред целата светска јавност ги прозва властите на Саудиска Арабија, САД, Израел и затоа што се разбира сакаше да создаде валутна единица Динар базирана на Златни резерви за државите во цела Африка како превентивна монетарна противтежа и хегемонија на петродоларот.
Светската јавност знае дека Либија беше разрушена поради несогласувањата со НАТО, но за волја на вистината декласифицирана e-mail комуникација докажа дека НАТО го собори од власт Гадафи за да го спречи да ја создаде оваа валутна единица чија што вредност требаше да биде поврзана со златото.
Гледано од поширок агол, соборувањето на режимот на Гадафи беше направено поради широка лепеза на причини и беше бенефит за повеќе држави, започнувајки од Норвешка, преку Британија, Катар и Франција. Очигледно формирањето на ИСИС и настаните кои претходеа на Сириската “граѓанска” војна следеа директно после настаните во Либија се длабоко меѓу себе поврзани и соодветствуваат едни со други по својата природа и потекло.
Фотографиите кои ги пренесуваме во продолжение во себе ја содржат претставата на Либија како вистинска оаза сред пустина, која сега за жал е претворена во почва погодна за тероризам, трговија со луѓе и многу полоши други работи.