Иако беше лажно прозивана од страна на про-владините медиуми и медиумите под контрола на СДСМ, дека излегла на гласање во текот на Референдимот во неделата, Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ во Македонскиот парламент денеска со лична изјава на фејсбук одговори на сите овие манипулации кои се поврзуваа со нејзиното име:
Почитувани граѓани,
Како Пратеник во Собранието на Република Македонија од ВМРО-ДПМНЕ чуствувам потреба најнапред да повторам дека на референдумот оддржан на 30ти Септември не излегов на гласање и вооедно да Ве информирам дека имам дадено свечена изјава пред Собранието на Република Македонија дека ќе го почитувам Уставот и Законите и врз основа на тоа немам мандат од граѓаните да гласам за промена на Уставот со цел промена на уставното име на Република Македонија!
Со почит,
Жаклина Пешевска
Ваш Пратеник
-напиша на фејсбук пратеничката Жаклина Пешевска.