По победата на Ердоган (Recep Tayyip Erdogan) на неодамнешните избори во Турција , земјата влегува во нова ера на владеење на досегашниот претседател. Со новите избори Ердоган го доби одамна посакуваното зголемено ниво на извршна власт во државата.
Критичарите притоа реагираа со алармирање, велејќи дека за вака значајна НАТО членка од големо стратегиско значење е опасно устоличување на власт на една личност со зголемени автократски и нетолерантни тенденции.
Во продолжение ќе споменеме неколку области и состојби кои се најдиректно засегнати од зголемената извршна моќ на Ердоган во Турција.
ЕКОНОМИЈА
Судбината на Турската нестабилна економија е критична и во огромна мера ќе зависи како Ердоган ќе се справува со оваа состојба.Во неговиот победнички говор, тој кажа дека сака да ја направи Турција една од 10-те најголеми економии во светот до 2023 година. Но како ќе го постигне тоа, останува нејасно.
Турција се бори со растечката инфлација и падот на домашната валута која што загуби на вредност околу 20% во однос на доларот од почетокот на оваа година. Иако економијата на земјата порасна за 7% минатата година, аналитичарите предупредуваат дека ова е резултат на неодржливата градежна експанзија на грандиозни градежни проекти финансирани од државата.
Постојат многу кревки делови. Кога ќе ја погледнеме општата мактро структура, инфлацијата е висока, односот на размена со странство е висок, каматните стапки се високи, фискалниот дефицит е висок, моменталниот буџетски дефицит е висок,
изјави економскиот аналитичар Озлем Деричи Сенѓул.
Фадих Хакура од експозитурата на лондонски тинк-тенк Чатам хаус предвиде дека Турција се движи кон економска криза во наредните пет години, но нотираше дека нема знаци дека Ердоган ќе направи промена на ваквиот движечки тренд на економијста.
Тој ќе продолжи да реализира популистички економски политики што ќе ја доведат Турција до економска руина,
-соопшти Хакура и дополни:
Нема индикации дека Ердоган ќе го спречи овој курс наспроти неговата популистичка агенда.
Тоа значи олабавување на потрошувачките трошоци, зауздување на стапките на профит, бустирајќи инвестиции во градежништво и мега капитални инфраструктурни проекти, како и обезбедување на евтини кредити на пазарот и Тирските бизнисмени. Точно оние политики кои во моментот ја деградираат вредноста на турската лира визави доларот и еврото.
Ердоган е опседнат со супер висок раст на економијата, многи над капацитетот на турската економија. и Тоа е моментот што ќе доведе до економски колапс на Турција во блиска иднина.
Тој брка раст на Ферари додека се однесува како просечен цар во државата.
-изјавил Хакура.
ДЕМОКРАТИЈА И ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Новиот систем ја аболицира премиерската позиција, и му доделува на претседателот моќ да назначува министри, потпретседатели и високо-профилни бирократи, да издава декрети, да го подготвува буџетот и да одлучува во врска со безбедносните прашања.. Ердоган кој ги придвижи работите со референдумот во 2017 година инсистира на тоа дека ваквите постапки ќе доведат до поголема стабилност и просперитет.
Но многумина стравуваат дека овие политики ставаат во негови раце преголема моќ при што понедостасуваат контрола и баланс на други претседателски демократии како што се САД и Франција.
Турција ги пресече своите врски со демократските вредности
изјави Мухарем Инс од секуларната опозициска Републиканска партија на народот, кои што освоија второ место по број на гласови на неодамнешната претседателска изборна трка.
Транзитираме кон режим на еден човек во негова најсилна смисла
завршува Инс.
Франција и САД имаат независно судство, слободни медиуми, независни институции и политика базирана на партии,
нотираше Хакура од Чатам хаус.
Неодамнешните претседателски избори во Турција се одржаа во услови на воена состојба која беше прогласена од страна на Ердоган по неуспешниот државен удар во 2016 година. Над 50 илјади луѓе беа затворени и над 110 илјади административни работници биле отпуштени во масивна владина кампања.
Кандидатот кој што освои трето место по број на гласови на овие претседателски избори Салахатин Демиртас, целокупната своја кампања ја спроведе од затвор со максимална безбедност, каде што се држи во притвор под обвинение за тероризам, за кое што вели дека е политички мотивирано. Про-курдската ХДП партија чиј што кандидат беше тој, успеа да освои свои пратеници за влез во Турскиот парламент иако голем број од нивните челници и активисти се во затвор.
Мислам дека е јасно дека состојбата со човековите права во Турција ќе се влошува,
-изјави Хакура.