Во текот на денот пратенички и пратеници на ВМРО-ДПМНЕ излегоа во јавност со свои лични изјави упатени до Македонската и целокупната светска јавност дека нема по никоја цена да ги гласаат измените на Уставот на Република Македонија предвидени со капитулантскиот Преспански договор потпишан од Никола Димитров и неговиот грчки колега Коцијас.
Овие изјави поради нивната историска важност ќе ги пренесеме сите една по една на нашиот портал, упатувајќи апел истото тоа да го сторат сите пратеници во Македонското собрание без разлика на нивната партиска или идеолошка определба.
– Почитувани сограѓани
Како кандидат за пратеник од редовите на ВМРО ДПМНЕ на парламентарните избори во 2014 и 2016 година бев избрана за
Ваш народен претставник, и имам чест и должност да Ве застапувам во Собранието на Република Македонија каде дадов свечена изјава дека ќе го почитувам Уставот и ќе ги бранам интересите на Република Македонија.
Како пратеник, немам мандат и овластување, ниту пак лична намера, да гласам за било какви измени во Уставот со кои би се променило уставното име на мојата Татковина – Република Македонија.
ДА Е ВЕЧНА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!
🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰