Во текот на денот пратенички и пратеници на ВМРО-ДПМНЕ излегоа во јавност со свои лични изјави упатени до Македонската и целокупната светска јавност дека нема по никоја цена да ги гласаат измените на Уставот на Република Македонија предвидени со капитулантскиот Преспански договор потпишан од Никола Димитров и неговиот грчки колега Коцијас.
Овие изјави поради нивната историска важност ќе ги пренесеме сите една по една на нашиот портал, упатувајќи апел истото тоа да го сторат сите пратеници во Македонското собрание без разлика на нивната партиска или идеолошка определба.
-Јас Зоран Ѓорѓиевски како пратеник избран од народот на непосредните парламентарни избори во 2014 и 2016 година имам чест, одговорност и должност да ги застапувам граѓаните во Собранието на Република Македонија , каде дадов свечена заклетва дека ќе го почитувам Уставот и ќе ги бранам интересите на Република Македонија.
Како пратеник, немам ниту мандат, ниту овластување, а ни лично убедување, да гласам за било каква промена на името на мојата Татковина – Република Македонија ниту пак било каква промена на Уставот ниту прифаќање било каква незаконска спогодба договор за добрососедство и обезличување и бришење на македонскиот народ. Семејната обврска за продолжување на вековниот континуитет на моите предци ќе го одржам и ќе бидам пример за поколенијата после мене. Да Живее Република Македонија !