Аманетот на доајенот на Македонската новокомпонирана народна музика Војо Стојаноски продолжува да живее преку подмладокот во фамилијата Стојаноски.
Тој аманет да се почитува и следи достојно богатството на Македонскиот народен мелос и сензибилитет во ова родољубо уметничко семејство се афирмира низ песните на Дамјан и Дарко Стојаноски, како и нивните братучеди Влатко и Златко Миладиноски.
Најновата песна на Дарко Стојаноски со која тој победи на овогодинешниот “Гоце фест” е посветена на вечниот симбол на Македонците- Сонцето од Кутлеш.


