Претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески заедно со Филип Ѓорѓиев и Мартина Цветаноска од Извршниот комитет на подмладокот на ВМРО-ДПМНЕ, присуствуваат на Конференција за зајакнување на политичката активност на младите од центар – десно партиите од Македонија, Албанија и Косово .
Како што соопштува Јован Јаулески на средбата, се разменети мислења за актуелните политички состојби и заедничките проблеми на младите од трите организации.

Младите немаат доверба во институциите, а одливот на мозоци е најголем проблем што нѐ засега сите.
Ваквите средби се од големо значење за успешна понатамошна регионална соработка, и убедени сме дека ќе имаат ефект во решавањето на проблемите во нашите земји.
-информира Јован Јаулески-Претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ