• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонска бесмртност
Историски личности

СПОМЕНИ НА ДАМЈАН ГРУЕВ: ФЕЉТОН ВО 6 ДЕЛА- ДЕЛ ВТОР: Автобиографски податоци

октомври 1st, 2019 Историски личности, Македонска бесмртност коментари 1465

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
СПОМЕНИ НА ДАМЈАН ГРУЕВ: ФЕЉТОН ВО 6 ДЕЛА- ДЕЛ ВТОР: Автобиографски податоци

Куси биографски податоци. – Настанувањето кај Груев на идеја за дејствување за Македонија. – Неговото апсење по убиството на министерот Белчев. – Во Битола Груев преземи револуционерна агитација. – Каков социјалист бил Груев. – Груев ја основа во Солун Револуционерната организација.

Роден сум во 1871 год. во с. Смилево (Битолско). Татко ми се викаше Јован, а дедо ми – Грујо. Татко ми беше ѕидар. Најпрвин учев во селото, во кое имаше основно бугарско училиште. Учител ми беше Атанас Башев од Ресен. Потoa учев од I до IV клас во Битола, а V и VI клас во Солун, од каде заминав за Белград, и таму продолжив со образованието, останувајќи таму една година и неколку месеци. Од Белград дојдов во Софија, и се запишав како студент по историја на високата школа. Тоа беше во 1889 година. Во четвртото полугодие ја напуштив Високата школа, поради познатата училишна афера со Рачо Косев, и заминав во Македонија – во Битола, каде по малkу време добив назначување на егзархиски учител во своето родно село Смилево. По едногодишно учителствување тука, бев преместен за учител во Прилеп, во кој предавав во четвртото одделение на основното училиште, и во трикласното училиште. Следната година отидов во Солун, и станав коректор во печатницата на Самарџиев. И тоа траеше една година, по кое пак станав учител во Штип. И тука престојував само една година, и ме назначија за училишен инспектор во Солун. Таа служба ја вршев две години, а потoa една година поминав во Солун без работа, по кое една цела година и половина бев интерниран во Битола. Одново станав учител во Битола, а по една година попаднав во турски затвор, во кој лежев првин во битолскиот затвор две години, и потoa во Подрум-кале десет месеци. Од затвор излегов во март 1903 год.. Преку Солун си дојдов во Смилево, каде ме затече и Илинденското востание.

По убиството на министерот Белчев во Софија во мене се породи за првпат идејата да работам за македонското дело. Едно 3-4 месеци пред тоа студентите Македонци во Вишата школа се нафативме да се организираме во име на идејата за самообразование и заемно влијаење. Целта ни беше: по завршувањето на учењето да си се прибереме сите внатре во Македонија, во која имаше голема потреба од сили на интелигенцијата. Сред тој наш тесен, интимен круг веќе се беше родила идејата да се издигне револуционерна организација во Македонија. Бидејќи српската пропаганда веќе беше почнала да дејствува во Македонија,и ние поради тоа се наштрекнавме и дојдовме на мислата дека треба да се побрза да се постави на дневен ред идејата за ослободување на Македонија, пред да успее српската пропаганда да се зајакне и да го расцепи народот. Ние самите го испитавме врз себеси дејството на таа пропаганда. Во Скопје и во Солун истовремено имаше агитатори. Ни ветија стипендија и ни ја дадоа. И тогаш јас со уште неколку Македончиња отидовме во Белград. Тука можевме да ги согледаме српските намери од тоа што мошне се трудеа да ни влејат српска идеја, и да ни го натурат српскиот јазик, што уште повеќе не разгневуваше.

Во Софија повеќе меѓусебно се запознававме. Кога се токмевме да формираме „друштво“ (во тек беше изработка на правилник – статут). Се предвидуваше целите на друштвото да бидат научни, а всушност се подготвувавме да се собереме за идна револуционерна дејност. Токму тогаш дојде до убиството на Белчев. Следуваа апсења, – ме уапсија мене и Никола Наумов поради нашето учество во социјалистичка група; а пак тоа се состоеше главно во тоа што одржувавме вечерно училиште. Не задржаа 15 дена затворени во 5-от полициски участок. Ни правеа истрага и не пуштија. Друштвото ни се растури поради тоа што јас и Наумов, за да го избегнеме служењето војска, неколку дена по нашето ослободување од затвор си заминавме во Македонија. И двајцата бевме исклучени од Високата школа, додека бевме затворени. Јас си заминав во Битола. Тогаш не постоеше ниту збор за некаква организација.

Во текот на летото во Битола се обидов да здружам неколку момчиња, со чисто револуционерна цел и  идејата што ја имав во Софија, почнав да ја остварувам. Тоа отпрвин беше меѓу 5-6 мина: Лука Џеров (од Битола, беше завршил V или VI клас во солунската гимназија), Неделко Дамјанов (од Битола, учител), Дуртанчев (учител, род. Од Битола), Никола Кочов (учител од Битола) и др.

Во Софија главните членови на „Дружбата“ ни беа Хр. Поп Коцев, Д, Мирчев, Никола Дејков (секретар кај мировен судија, родум од Прилеп, сега адвокат во Луковит), Поп Арсов. Сметавме да дејствуваме главно во насоката да се бара применување на Берлинскиот договор. Мислевме да создадеме организација, по образец на Револуционерната организација во Бугарија пред ослободувањето, да дејствуваме по примерот на Ботев, Левски, Бенковски и сл.. Добро ја бевме проучиле таа организација. На пример, записите на Захариј Стојанов ни повлијаеја, па и воопшто дотогашната бугарска револуционерна публистика. Бевме се запознале и со историјата на српските движења.

Уште во текот на летото во Битола ја формиравме Дружба, а и пристапивме кон изработка на устав, но тогашниот архимандрит, сегашниот владика Козма беше научил за тоа, и успеа да разочара некои од другарите, па така се оневозможи натамошното јакнење на Дружбата.

Меѓу целите, што си ги поставуваше таа група, освен револуционерната идеја, што требаше да се всадува и шири под скришна форма, да се зајакнуваат можностите за популаризирање на идејата, и да закрепнуваат и врските меѓу интелигенцијата, се токмевме да создадеме една околиска заемна библиотека за сите што го сакаат тоа. Туку не бидна ништо, и јас си се прибрав дома в село. Во Смилево одржував вечерно училиште за возрасни, тука тоа беше нешто сосем ново. Имаше посетители. Развивав чисто просветна дејност. Потоа во Прилеп поминав пак на чисто учителска работа. Таму немаше почва за друго. Учителите беа со конзервативни идеи. Дури не можеше ништо ни да се стори со нив за идејата. Дури и повеќе, учителите се држеа настрана од мене, оти се беше прочуло дека сум бил исклучен од Високата школа во Софија, и дека сум бил заразен од социјалистички идеи. Заправо социјализмот го должам на социјалистичките средини во Софија. А пак никогаш не бев го проучувал сериозно социјализмот, ниту пак сум му бил некогаш предан со некаков фанатизам на тоа учење. Во Македонија ме задеваа како социјалист, и јас, предизвикан го бранев тоа учење, но не сум бил активен социјалист и не сум ни мислел дека за него има почва во Македонија.

Во Солун ја поминав следната година, на работа во печатницата на Самарџиев. Тука се сретнав со свои стари другари: Поп Арсов, Андон Димитров (род. од солунското с. Ајватово, сега член на битолскиот суд); д-р Христо Татарчев, Хаџи Николов (од Кукуш), Христо Батанџиев (од Гуменџе, секретар на солунската општина?). Со нив ја обновивме старата идеја. Се групиравме, и сложно изработивме статут-правилник. Во неговата основа ги поставивме истите начела: барање да се примени Берлинскиот договор. Така тој статут беше оформен според образецот на статутот на Револуционерната организација во Бугарија пред нејзиното ослободување. Девизата беше: примена на решенијата од Берлинскиот договор. Основавме тајна организација со „Централен комитет“, со разграноци, со членски вноски. Се предвидуваше полагање заклетва и сл.. Во правилникот не се предвидуваше ништо за српската пропаганда, но имавме на ум, кога ќе се освести народот, да се оневозможат нејзините последици. Тоа беше во текот на 1893-1894 учебна година.

Првата година посветивме во новата организација 2-3 ученици, штоја завршија гимназијата во Солун: Александар Панов, што стана учител во Прилеп, после студираше во Париз и се врати во Солун, каде почина од болест, и други двајца. И така годината заврши со тоа.

Продолжува…

18 јануари 1905 г.

Софија, Даме Груев

Претходно:

https://bregalnicki.mk/spomeni-na-dam-an-gruev-fe-ton-vo-6-dela-del-prvi-predgovor/

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Љубомир Цуцуловски: ПРАЗЕН СТОМАК
Следна објава Д-р ПЕТАР ПОПОВСКИ "АНТИЧКА ХЕЛАДА"-АКАДЕМСКА ФИКЦИЈА
Може да Ве интересира:
На денешен ден е кренато Македонското Кресненско востание
Македонска бесмртност

На денешен ден е кренато Македонското Кресненско востание

октомври 17th, 2022 383
Стихотворбата "Мојата Татковина" на едно детенце во основно училиште кажува како се вика оваа држава
Македонска бесмртност

Стихотворбата "Мојата Татковина" на едно детенце во основно училиште кажува како се вика оваа држава

септември 13th, 2022 639
Ова се местата во соседните држави каде се зборуваат наречјата на Македонскиот Јазик
Македонска бесмртност

Ова се местата во соседните држави каде се зборуваат наречјата на Македонскиот Јазик

септември 12th, 2022 771
На денешен ден во 1941 г. прогонуван од бугарските фашистички власти во Скопје згаснува животот на Коле Неделковски
Историски личности

На денешен ден во 1941 г. прогонуван од бугарските фашистички власти во Скопје згаснува животот на Коле Неделковски

септември 2nd, 2022 418
Кому му пречело силно ВМРО? На денешен ден е убиен Тодор Александров
Историски личности

Кому му пречело силно ВМРО? На денешен ден е убиен Тодор Александров

август 31st, 2022 405
Знае ли Драги Георгиев да чита германски историски атлас од 1886 година?
Историски документи

Знае ли Драги Георгиев да чита германски историски атлас од 1886 година?

август 30th, 2022 667
На денешен ден е роден Македонскиот актер Ненад Стојановски
Историски личности

На денешен ден е роден Македонскиот актер Ненад Стојановски

август 19th, 2022 431
Една од најголемите битки и херои од 2001 година- Битката за Радуша заборавени и од јавноста и од државата
Македонска бесмртност

Една од најголемите битки и херои од 2001 година- Битката за Радуша заборавени и од јавноста и од државата

август 17th, 2022 733
Ова е "Бриони" во Челопек разурнат од експлозија од качачките терористи заедно со двајца недолжни Македонци
Македонска бесмртност

Ова е "Бриони" во Челопек разурнат од експлозија од качачките терористи заедно со двајца недолжни Македонци

август 13th, 2022 404
Жена на денот
Кејт Аптон-модел и актерка со убавина која извира од душата

Кејт Аптон-модел и актерка со убавина која извира од душата

408
Маж на денот
20 Цитати на Стивен Кинг – кралот на хоророт

20 Цитати на Стивен Кинг – кралот на хоророт

1445
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче
Што да се прави?

Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче

Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско
Што да се прави?

Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)
Набери здравје

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina
Набери здравје

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град
Што да се види?

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град

Неделни топ 5 на Брегалнички
Зад физиката на виножитото се кријат интересни факти. Погледнете кои
Магазин

Зад физиката на виножитото се кријат интересни факти. Погледнете кои

Јун 4th, 2019 2781
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Змеј гуштер фатен како свири гитара на лист
Магазин

Змеј гуштер фатен како свири гитара на лист

Јул 4th, 201917
Драган Ковачки: Нема авиони, нема хеликоптери, нема пилоти, нема дронови... нема што нема!
Македонија

Драган Ковачки: Нема авиони, нема хеликоптери, нема пилоти, нема дронови... нема што нема!

Авг 6th, 202117
Васил Маневски: РАЗЛОВЕЧКА РАПСОДИЈА 1876
Македонија

Васил Маневски: РАЗЛОВЕЧКА РАПСОДИЈА 1876

Јул 8th, 201917
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.