Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев денес на прес конференција ја алармираше јавноста дека во време на Вонредна состојба и општа криза во државата од страна на властите преку депонијата Дрисла ќе се испумпаат над 12 милиони денари кон струмичка фирма за изнајмување на механизација за наредните три месеци.
Во своето обраќање до јавноста Јанушев информира дека тендерот бил склучен во 4 очи од страна на фирма која што нема претходно искуство со ангажирање на тендери и бележи финансиски успех во изминатите три години откако е СДСМ предводена од Зоран Заев на власт.
Во продолжение погледајте ја прес конференцијата на Игор Јанушев на оваа тема:


