Талат Џафери, на својот официјален профил на Фејсбук напиша
Законот за употреба на јазиците и во „Службен весник“.
Ова значи дека и официјално стапува на сила Законот за кој претседателот Ѓорѓе Иванов одбиваше да потпише Указ беше усвоен мината година на 11 јануари.
Карактеристично е тоа што од донесувањето до објавувањето во „Службен весник“ на Законот за јазиците помина точно една година. Законот за јазиците беше донесен на 11 јануари 2018 година или на истиот ден кога во Собранието, но година дена подоцна, беа изгласани уставните измени.
Џафери изминатиов период неколку пати изјавуваше дека Законот за употреба на јазиците ќе излезе во „Службен весник“ едновремено со уставните амандмани.
Сега по ваквиот своеволен акт на Талат Џафери топката е префрлена кај директорот на “Службен весник” кој е назначен од страна на СДСМ со дилемата дали овој закон ќе го објави во Службен весник со што истиот би стапил во сила.


