Театарот „Војдан Чернодрински“ од Прилеп со претставата „ Љубовни пози на историјата (,,Figurae, veneris, historiae“ ) од Горан Стефановски, ќе земе учество на 15 издание на Меѓународниот фестивал на глумци во Никшиќ, кое ќе се одржува од 26 ноември до 2 декември 2018 година.
Настапот на прилепскиот театар е на 29 ноември, а суштината на претставата со која ќе се претстават ќе ја прикаже војната, љубовта, интимата, политиката и моралноста. Димитар Ѓорѓиевски, Даниела Иваноска , Игор Трпчески, Зоран Иваноски, Катерина Чакмакоска Клинческа, Јасмина Мицовска Станкоска , Димитар Црцороски, Наташа Наумоска, Илија Волчески, Ангела Наумоска и Михајло Миленкоски, ќе се претстават во најубаво светло.
Ќе ја претстават суштината на војната и во што се таа не претвора, и како преку љубовта и силните емоции го победуваме злото.