Во текот на денот пратенички и пратеници на ВМРО-ДПМНЕ излегоа во јавност со свои лични изјави упатени до Македонската и целокупната светска јавност дека нема по никоја цена да ги гласаат измените на Уставот на Република Македонија предвидени со капитулантскиот Преспански договор потпишан од Никола Димитров и неговиот грчки колега Коцијас.
Овие изјави поради нивната историска важност ќе ги пренесеме сите една по една на нашиот портал, упатувајќи апел истото тоа да го сторат сите пратеници во Македонското собрание без разлика на нивната партиска или идеолошка определба.
– Совеста не ми дозволува да излезам на референдум кој е длабоко манипулативен, а верувам дека овој став ќе преовлада и кај најголемото мнозинство граѓани на Македонија. Истовремено, доколку власта, независно од ваквата подмолност, одлучи да ја продолжи постапката во Собранието преку уставни измени за промена на уставното име, недвосмислено нема да ги поддржам истите.