Осумнаесет годишно момче од Тетово загина во сообраќајна несреќа што се случила вчера вечерта во близина на тетовската касарна.
– До несреќата дошло поради судир на две возила, едното марка „ауди“ кое го управувал 17 годишник и „рено меган“ што го возел 19 годишник.
По судирот животот го загубил 18 годишниот Ш.Љ кој бил сопатник во аудито. Втор сопатник во аудито на возраст од 16 години добил тешки повреди, по што е однесен во Клиничкиот центар во Скопје.
– Информираше портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.


