Поранешниот премиер на Република МАкедонија Љубчо Георгиевски на фејsбук упати своја критика зошто Македонија немала свој пртетставник на церемонијата за прославување на влегувањето на НАТО во Косово, која што косовските власти ја организираа.
Во продолжение ја пренесуваме неговата реакција:
На прославата по повод дваесет години од влегувањето на НАТО во Косово како што забележав немаше покането делегација од Македонија.
Тоа е голем срам и за Косово но и за меѓународната заедница. Да се игнорира Македонија во нејзината улога на комплетната логистичка поддршка на НАТО интервенцијата, бегалската криза и последиците што ги имаше за нашата земја. Па дури и самиот крај: согласноста само преку Македонија да се влезе со копнена офанзива.
А потоа ни вратија со воена агресија.
-стои во неговата реакција.
Притоа во еден од коментарите на неговата објава доби соодветен одговор:
Македонската делегација е поканета и имала свој претставник на ова свеченост, тоа е државниот секретар на МНР г.Виктор Димовски. Ве молам друг пат, како поранешен премиер да проверите пред да коментирате. Тоа освен ако тенденцијата е нешто друго освен тоа што навидум се протолкува.

-одговори Агрон Адеми.