Беда, целосна беда владее во Владата на Република Македонија, како и со ејакулатите/исцедоците со кои се опкружила. Одлучила таа (Владата!) свое лого да направи. Годишнина било! Чија, не кажуваат. Логото, веќе не прв поглед, е мизерија, како што е и самата Влада. Исто така, и тоа, како и Владата, само по себе е критика, па не вреди да се критикува. Сепак, ред е (кого Логото веќе е) некој ред и за него да се напише. На него некој предвидел (кое ли е тоа ингениозно-неигениозно суштество?) да биде напишано „Сверна Македонија“, без да прецизира што мисли под „Северна Македонија.“ Дали е тоа географски предел или само географски симбол? Можеби е провинција, т.е. нечиј приватен имот/протекторат? Не знам, на Логото такво нешто не е назначено. Можеби е нечие војводство/грофовија, макар што грофови или војводи кај нас нема. Можеби е нечие кралство или наследство? Или во сето ова ништавило, ништо не е? Или и ништото нешто е? Затоа, ред е, за да не биди сѐ без ред, да се објасни на што се однесува напишаното „Северна Македонија.“ Или и тоа им е тешко?
П.С. Спомна некој Република? Не!? Тогаш, во ред е!
П.С.С. Во меѓувреме на големо се отпуштаат работници/работнички. Ако. И така се потрошен материјал.


