Кога добриот Бог (или Природата) го создаваше човекот, го создаде слободен, макар што знаеше дека со слободата оди изборот, а со изборот можноста да се греши. Сепак, го создаде слободен, сметајќи дека подобро е слободно, макар грешно човечко суштештество, отколку неслободно, макар совршено суштество. Потоа, се јавија некои други суштества (различни од Бога и Прородата) кои сметаа дека Бог/Природата згрешиле.
Дека, имено, подобро е неслободно, но совршено автоматизирано суштество, отколку слободно, но грешно човечко суштество. На тој начин, настанаа автоматите, како креација на Богокоректорите.