Изникнало едно кокиче. До него друго кокиче. Првото (машкото) кокиче му рекло на другото (женското) кокиче дека го сака. Второто одговорило дека и тоа го сака. Одлучиле да имаат дечиња. Немоќни тоа да го сторат самите, решиле да повикаат пчеличка за да ги запраши/размножи. Така, велат, настанале првите медијатори, олеснувачи, како и другите на нив слични суштества. Потоа, овие се избезобразиле и наместо да се бават со создавање/раѓање, почнале да се бават со политика.
Така, настанале современите олеснувачи/медијатори.