Обично се смета дека слободата на индивидуата завршува таму каде што започнува слободата на другиот. Неговата, пак, слобода завршува таму каде што започнува слободата на првиот. Ова звучи фино за увото.
Звучи некако демократски, толерантно. Само што има една мана – ништо конкретно не кажува и, според тоа, практично е неприменливо. Имено,како да знам каде започнува слободата на другиот и, според тоа, со сигурност да знам каде завршува мојата слобода? И обратното – како другиот да знае каде започнува мојата слобода, а завршува неговата? Постојат многу работи кои фино звучат, само што се празни и немаат никаква практична примена.
Таков е, некако, животот човечки.