„Ти можеш љубовта да ја размениш само за љубов; довербата само за доверба итн. Ако сакаш да се насладуваш од уметноста, тогаш мораш да бидеш уметнички образован човек. Ако сакаш да вршиш влијание врз другите луѓе, тогаш мораш да бидеш човек кој навистина ги стимулура и ги движи другите луѓе напред… Ако љубиш, без да побудуваш меѓусебна љубов, т.е. ако твојата љубов како љубов не породува љубов, ако ти како човек што сака, не стануваш сакан, тогаш твојата љубов е бессилна, таа е несреќа.“ (Карл Маркс)
Се чини дека Маркс бил во право. И, како што не можеш да бидеш ценет без да ги цениш другите, и како што не можеш да имаш доверба, без да побудуваш доверба кај другите, така и љубовта која е невозвратена, која не породува друга љубов кај другите, е бессилна љубов, таа е јалова љубов. Таа е нељубов.
Среќни Велигденски празници.