Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ Делчево денеска по повод 118 годишнината од смртта на Гоце Делчев, одаде почит на Македонскиот великан и се поклони пред неговиот паметник во центарот на Делчево.
Притоа од подмладокот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ од Општинскиот комитет од Делчево упатија своја порака преку социјалните мрежи:
“По повод 118 годишнината од херојската смрт на Гоце Делчев положивме свежо цвеќе пред споменикот на Даскалот во Делчево.Делчев загина предаден од најблиските, а денес предавниците му организираат второ погибие, второ предавство за задоволување на сопствените и интересите на соседите.
Нема простор за преговори околу идентитетот на Делчев! Тој не е заеднички, туку само македонски херој!
Горд Македонец кој се борел за “слободна Македонија со широки права на сиромашното население” и кој знаел дека “Делото на ослободувањето на еден народ, е пред сè негово сопствено дело, на неговите сопствени раце”.
Делчево е гордо што го носи името на Апостолот и срцето на револуционерна Македонија.Вечна слава Даскале.


