• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија

Љупче Петрески – “ПССТ! ВЛАДАТА „ЗАСЕДАВА“

август 12th, 2018 Македонија коментари 678

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Љупче Петрески – “ПССТ! ВЛАДАТА „ЗАСЕДАВА“

Вчера, патот низ Прилеп, како многупати досега, ме однесе низ нас. „Точила“, каде живеев дваесетина и повеќе години. Минам тука често, но вчера, минав онака лежерно, без брзање, евоцирајќи спомени. И повторно, на една од жолтите згради, го видов моето „дело“, графит испишан со црн спреј. Некој се обидел да го премачка, но не успеал целосно да ја заврши работата, па така, се’ уште се читливи зборовите кои, ако добро се сеќавам, ги „нашарав“ во далечната 95-96 година: КАПИТАЛИЗМОТ Е ЛЕГАЛИЗИРАН КРИМИНАЛ.

Денес, воопшто не се сеќавам дали јас ги смислив или некаде сум ги прочитал овие зборови, но со сигурност знам дека беа напишани како израз на гневот и револтот кој го чувствував. Како и да е, чинев дека реално го опишуваа времето во кое живеев.

Постарите генерации се сеќаваат дека тие беа години кога се привршуваше криминалната приватизација на општествениот капитал во Македонија, односно мрачната транзиција, која неофицијално заврши ’97 или ’98 година, предводена од владата на СДСМ. Накратко, според моето скромно познавање на оваа проблематика, во почетокот на транзициониот период не постоеше капитал сконцентриран во приватни џебови, па владата на СДСМ, и’ помогна на „новопечената“ бизнис и финансиска елита, главнината актуелни директори и членови од редовите на владејачката партија, лесно да го превземат капиталот со тоа што овозможи законско шеесетпроцентно обезвреднување на фирмите или, според моето гледиште, легализирање на криминалот кој требаше да се случува во наредните години при преминот во капитализам. И би легален криминал од незапамтени размери за македончето. Оваа сурова транзиција или приватизација, генерираше банкротирани фабрики, масовно отпуштање на работници, огромна невработеност, сиромаштија, родители од чиј поглед „зрачеше“ очај, зголемен број на самоубиства и, рашири општа политичка и општествена летаргија. Општествената ничкосаност беше карактеристична за следните години.

Функционирањето на институциите, законите и судството може да биде посочено за пример како не треба да функционира системот во една држава. Корупцијата беше другото име на Македонија. Демократијата, иако родена пред неколку години очигледно имаше „пречки во развојот“ и не можеше да прооди. Нејсе! Да се вратам на графитите зашто гневот во мене не стивнуваше а се’ уште имав од црниот спреј, кој го купив со позајмени пари. Во дворот на една од блиските куќи имаше полски клозет, чиј заден ѕид граничеше со тротоарот и „гледаше“ кон главната улица. Тука минуваа стотици луѓе дневно. Како да беше измислено токму за тоа што го наумив.

Нашарав со големи букви: „ПСССТ! ВЛАДАТА „ЗАСЕДАВА!“

Предизвикуваше смеа наредните неколку денови. Потоа го варосаа. Неколкупати. Се’ додека не исчезна црниот спреј. Не „поживеа“ долго. Преживеа само во моите спомени исто како што преживеаја и спомените од тие лоши времиња. Оттогаш, минаа дваесетина години. Мојата генерација, ние, „децата на транзицијата“, веќе навлеговме во петтата деценија од животот. Сега сме возрасни, зрели личности. Изодевме добар дел од „патот“. Секој по својот, кој како се снашол. Времето немилосрдно тече. Некои од нас имаат деца кои, можеби, пишуваат графити.

Но што друго се промени? Речиси ништо.

Денес, не знам дали воопшто транзицијата е официјално завршена. СДСМ е повторно на власт. Криминалот е секаде присутен и наголемо се практикува од владејачката гарнитура. Како тогаш, така и сега, криминалот е легализиран преку тендери, грантови и т.н. Сведоци сме дека последниве неколку седмици секојдневно слушаме за тоа како меѓусебно си ги „делат“ нашите пари. И не се кријат! Недомаќинското и неодговорно работење на владата зема замав. Општеството повторно е ничкосано на плеќи. Законодавниот дом се претвори во циркус. Непочитувањето на законите и Уставот стана наше секојдневие. Корупцијата никогаш не си „замина“ туку пушти длабоки корени особено во судството, обвинителството … Партизираноста на институциите не само што никогаш не се искорени туку сега дури се негува со особено внимание. Целосна ерозија на системот. Овие денови особено се распламти вирусот на комунизмот, кој длабоко во себе СДСМ се’ уште го носи, „косејќи“ ги неистомислениците преку поданичкото и корумпирано обвинителство и судство.

Сите оние кои се против штетниот договор со Грција и против промената на името и Уставот на Република Македонија се потенцијална мета на овие продолжени владини раце. Желбата да се влијае врз медиумите кулминираше последниве неколку дена. Во однос на исполнувањата не предизборните ветувања, оваа влада покажува апсолутна незаинтересираност.

Лагите на Премиерот никој повеќе не може да ги следи. Се множат со незамислива прогресија. Ваквото однесување зборува дека тој се подбива со интелектот на сопствениот народ. И што ли уште не! Дали сите овие аномалии се карактеристични за едно демократско општество? Секако дека не! За демократијата само се зборува, но реално ја нема, не ја гледаме.

Каква е таа демократија кога власта не само што не ја зема предвид волјата на народот, ами и ја гази?

Каква е таа демократија кога во нејзино име се газат законите и Уставот на државата, од кои народот ја црпи силата? Затоа, сметам дека и делумно „преживеаниот“ и варосаниот графит потполно би соодветствувале доколку би биле напишани и во денешно време.

Само што, варосаниот графит, веројатно би требало да биде дополнет, затоа што има разлика меѓу Владата на СДСМ пред дваесетина години и оваа Влада на СДСМ.

Разликата е во тоа што оваа влада МНОООГУУУ ПОЧЕСТО И МНОООГУУУ ПОДОЛГО „ЗАСЕДАВА“!!!

Протоереј Љупче Петрески

Превземено од Маркукуле.мк

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Започна Струмица ОПЕН фестивалот
Следна објава Миленко Неделковски - " Иритирачки е кога " Паметњаковичи" се во политика"
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 180
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 170
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 189
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 749
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 197
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 237
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 76
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 151
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 177
Жена на денот
Џесика Алба- Небесниот ангел кој слезе на земјата

Џесика Алба- Небесниот ангел кој слезе на земјата

788
Маж на денот
Тејлор Лотнер - талент и шарм на едно место

Тејлор Лотнер - талент и шарм на едно место

1387
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот
Што да се види?

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)
Набери здравје

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)

Денес е Духовден (Педесетница)-Собор на село Град во Делчево
Што да се прави?

Денес е Духовден (Педесетница)-Собор на село Град во Делчево

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020
Што да се прави?

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020

Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони
Што да се види?

Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони

Неделни топ 5 на Брегалнички
Кирил Ковчегарски: ПРАВИНАТА И КРИВИНАТА
Македонија

Кирил Ковчегарски: ПРАВИНАТА И КРИВИНАТА

Фев 28th, 2020 1475
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Љупчо Палевски: На овие избори мора да го сопреме племево ВРХОВИСТИЧКО, кое не укина како народ, се обиде идентитет да ни украде, уништи
Македонија

Љупчо Палевски: На овие избори мора да го сопреме племево ВРХОВИСТИЧКО, кое не укина како народ, се обиде идентитет да ни украде, уништи

Јун 22nd, 202019
Ова се граѓаните кои се декларирале како албанци за да се вработат во Инспекторатот за земјоделство
Македонија

Ова се граѓаните кои се декларирале како албанци за да се вработат во Инспекторатот за земјоделство

Окт 9th, 202019
Нова поштенска марка со ликот на Рацин
Македонија

Нова поштенска марка со ликот на Рацин

Јун 16th, 201819
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.