• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија
Политика

Уредба за прогласување на електроенергетска криза – потврда или криење на колапсот на АД ЕЛЕМ (ЕСМ) и АД МЕПСО

ноември 5th, 2021 Македонија, Политика коментари 561

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Уредба за прогласување на електроенергетска криза – потврда или криење на колапсот на АД ЕЛЕМ (ЕСМ) и АД МЕПСО

Поради штетните владини политики, долго време се укажуваше дека Република Македонија е на прагот на електроенергетска кризна состојба, но актуелната власт сето ова го прикриваше со единствена цел да не си го загрози сопствениот и онака нарушен рејтинг во избрниот процес кој се одвиваше изминатиов период.

Вистината почна да излегува на виделина веднаш откако заврши вториот круг на локалните избори кога спротивно на доскорешните лажни убедувања дека ситуацијата е стабилна, наеднаш се донесе Уредба за прогласување на електроенергетска кризна состојба. Повторно Владата се обиде да го сврти вниманието на јавноста оправдувајќи се дека донесувањето не претставувало ништо друго, туку само исполнување на обврските од Законот за енергетика. Тоа во никој случај не е издржано бидејќи секој може да го отвори Законот за енергетика и да се увери дека крајниот законски рок за нејзино донесување беше во јули 2019 година, а не сега. Намерата е очигледна. Ништо повеќе не може да ја сокрие вистината дека со донесената уредба државата е на чекор поблиску до официјализирање на електроенергетската кризна состојба.

Акумулациите за работа на хидроцентралите се на ниско ниво, посебно последниов месец кога се на минимум со вкупна резерва помалку од 10%. Ваквата состојба се манифестира уште од периодот кога самопрогласените „шампиони во енергетиката“ продаваа вишоци на електрична енергија, фалејќи се дека заработуваат од продажбата. Но, дали навистина е така, потврдува сегашната состојба на празни акумулации и немање резерви на електрична енергија, тогаш кога е најмногу потребна. РЕК Битола се сведе на работа со еден или два блока со половична моќност и со резерви на јаглен помалку од два дена за работа. Ископ на јаловина и откривка за ископ на јаглен нема, а ако се работеше за добро менаџирање на комбинатот немаше сега да распишуваат тендери за набавка на јаглен, туку на депонија ќе имавме најмалку 200000 тони наш јаглен.

РЕК Осломеј нема јаглен и работеше со мала количина на купен јаглен од надворешни компании. ТЕЦ Неготино го потроши својот мазут за потребите на РЕК Битола и РЕК Осломеј, па сега ниту ТЕЦ Неготино нема можност да влезе во погон. Оваа состојба која е карактеристична за претходните неколку месеци, а посебно во октомври 2021 година, мораше да резултира со прогласување со кризна состојба. Но, бидејќи во октомври беа во тек локалните избори, па Владата наместо да го почитува Законот и прогласи кризна состоба, МЕПСО “позајмуваше’ струја од европскиот енергетски систем, за што граѓаните ќе платат казна од најмалку 15 милиони ЕВРА. Иронијата да биде поголема, постојната уредба од 2012 година веднаш после вториот круг на локалните избори ја заменија со нова која ја донесоа и објавија во „Службен весник на РСМ“ бр 246 од 2.11.2021 година. Во оваа новодонесена Уредба, се направени неколку значајни измени: Рестриктивните мерки кои беа дефинирани со Уредбата од 2012 година за намалување на потрошувачката на конкретни потрошувачи согласно степенот на ограничување, сега се поништуваат и се остава простор на Комисијата за следење на состојбите со снабдување со електрична енергија сама да го одреди степенот за ограничување на снабдување со електрична енергија, додека ОЕПС ќе ги распредели намалувањата пропорционално со ОЕДС-и.При потреба од дополнителни количини на електрична енергија, финансиски средства обезбедуваат лиценцираните компании за вршење енергетска дејност или се обезбедуваат од Буџетот на Република Македонија. Тоа значи од џебот на граѓаните. Не е определено кој ќе ја купи електричната енергија, по која цена и од кого? Но, ако средствата се од Буџетот, тогаш како тие ќе се вратат назад или ќе останат како неповратна донација на ОЕДС?

Ограничувањето на потрошувачката на електрична енергија при недостиг на електрична енергија ги координира ОЕПС при што се суспендира пазарот на електрична енергија и притоа ОЕПС, ОЕДС, снабдувачите и трговците со електрична енергија не се одговорни за штетите поради ваквите ограничувања. Се поставува прашањето како ќе се одреди кој е одговорен за кризата и кој ќе ги надомести евентуалните штети?Под услови за прогласување на кризна состојба се воведува нова ставка, а тоа е пораст на цената на електрична енергија за одреден временски период. Но, ова е многу проблематично затоа што електричната енергија има третман на стока и е берзански производ. Ако ја има на берза и може да се купи значи нема криза во снабдување со електрична енергија. Имаш пари и си ја купуваш електричната енергија на берза. Прашање е зошто се става цената на берзански производ како услов за прогласување на кризна состојба? Цените на електрична енергија на берзите во Европа достигнуваат вредност од 150 – 300 Евра за MWh. Цените на берзите во другите делови на светот како Јужна и Северна Америка, Африка, Азија не се толку високи. Значи нема основа за тврдење дека станува збор за светска криза. На берзите во Европа електрична енергија може да се купи во секој момент. Електричната енергија е стока и берзански производ и причините за високата цена на европските берзи треба да се анализираат малку посериозно.Актуелната влада на СДСМ и ДУИ најави дека ќе прогласи кризна состојба за снабдување со електрична енергија од 9.11.2021 година. Ако тоа се случи, Владата на СДСМ и ДУИ ќе мора да образложи следно: Според кои критериуми ќе прогласи кризна состојба? Мора да објасни зошто домашните компании АД ЕЛЕМ ( ЕСМ) и АД МЕПСО се доведени во колапс, од одлични и стабилни компании станаа големи загубари со многу долгови.Зошто АД ЕЛЕМ во последиве две години има рекордно најниско производство од своето постоење наваму, нема откривка на јаловина и нема ископ на јаглен, хидроакумулациите се празни и не може да ги задоволи ниту потребите за електрична енергија за домаќинствата?. Со ваквиот однос на Владата во никој случај не може да се избегне кризната состојба. Уредбата е донесена со цел да се прогласи кризна состојба, а не за нејзино успешно надминување. Наведеното се поткрепува со тоа што во нејзината содржина има низа недостатоци и воопшто не е прилагодена да даде одговори и решенија на актуелната состојба. Според Законот за енергетика, Уредбата за прогласување на електроенергетска кризна состојба треба да има неколку компоненти од кои најзначајно е што треба да ги содржи мерките што се преземаат во случај на кризна состојба. Иако законот го налага ова, загрижува фактот што уредбата нема доволно конкретни и издржани мерки. Со ваков пристап сосема очекувано е дека нема да се заштитат енергетските системи и нема да се обезбеди сигурно снабдување со електрична енергија.Поради незериознот пристап, се поочигледно е дека во наредниов период ќе се соочуваме со рестрикции и со повторно поскапување на електричната енергија која и онака две години наназад поскапуваше.

Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ

  • Ознаки
  • електрична енергија
  • енергетска криза
  • криза
  • МЕПСО
  • сиромаштија
  • уредба

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Дали намерно или случајно Министерството за култура ги заборави нематеријалните културни наследства впишани во УНЕСКО?
Следна објава Доделено уверението на Александар Китански- новиот градоначалник на општина Пехчево
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 549
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 527
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 524
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 1180
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 504
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 579
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 314
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 398
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 544
Жена на денот
Џоан Мекеј-Мајка, сопруга и моден модел која плени со своите атрибути

Џоан Мекеј-Мајка, сопруга и моден модел која плени со своите атрибути

1339
Маж на денот
Скот Аткинс - Боречки  уметник кој го води актерството

Скот Аткинс - Боречки уметник кој го води актерството

1344
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020
Што да се прави?

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020

Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото
Што да се прави?

Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото

Денес е Духовден (Педесетница)-Собор на село Град во Делчево
Што да се прави?

Денес е Духовден (Педесетница)-Собор на село Град во Делчево

Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец
Што да се прави?

Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец

Школството и просветителскиот живот во село Разловци
Што да се види?

Школството и просветителскиот живот во село Разловци

Неделни топ 5 на Брегалнички
Извештај за реализирани дневни активности на вработените во ЈП "Стипион" Штип за 16.08.2022 година
Регион

Извештај за реализирани дневни активности на вработените во ЈП "Стипион" Штип за 16.08.2022 година

Авг 17th, 2022 584
Диета или внимание
Магазин

Диета или внимание

Окт 6th, 201727
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Петиција за враќање на стариот дрес на Македонската фудбалска репрезентација
Македонија

Петиција за враќање на стариот дрес на Македонската фудбалска репрезентација

Мај 29th, 202125
15  најстрашни музички дела на класична музика
Забава

15 најстрашни музички дела на класична музика

Дек 19th, 201921
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.