Универзитетската професорка Билјана Ванковска на нејзиниот Фејсбук профил реагираше на одлуката на владата во Македонија да се направи регистар на население во кој врз база на податоците достапни на инситутициите ќе се впишуваат сите жители на државава.
Ванковска, на нејзиниот Фејсбук профил објави дека оваа одлука јасно укажува дека во Македонија нема да има попис, затоа што доколку би имало ќе падне „Рамковна Македонија“.
„Сега јасно ви е зошто од зборот ПОПИС ги фаќа алергија? Бидејќи Македонија е веќе само територија, проектот ќе биде комплетен кога ќе воведат „регистар за население/стока“! Од укинувањето на концептот ПОПИС им зависи Рамковна Македонија, па затоа нема никогаш да го спроведат. Отиде Македонија… по ѓаволите!“ – напиша Ванковска.