▶️ И покрај сета пропаганда во изминатите три месеци (директни преноси на секојдневните владини прес-конференции на сите телевизии, спотови, апликации, спонзорирани објави на соц. мрежи, песни, аплаузи, вибер “стикери”) – веќе не може да се крие фактот дека Македонија најлошо се справи со пандемијата од целиот наш регион.
▶️ Низ целиот тек, Македонија имаше (и има) убедливо најголем број на починати лица од целиот регион. Сите манипулации со тестирањата (“циљано” тестирање, “лажен пик”, “има повеќе случаи затоа што тестираме повеќе”) – не можат да ги покријат новите случаи и поразителните бројки.
▶️ Пофалбите дека сме го избегнале “италијанското сценарио” не ни вредат многу кога ќе се соочиме со податокот дека сите држави на Балканот го избегнаа тоа “италијанско сценарио”, но сите останати (освен нас) го избегнаа и нашето “македонско сценарио” – 54 мртви на еден милион жители (и до четири или пет пати повеќе од некои соседи). Добиваме тажна титула за статистиките: “Македонија – Италија на Балканот”.
▶️ Освен кај нас, во последните седмици е видливо драстично намалување на случаите кај сите држави, кадешто бројките на новозаразени се повеќекратно намалени, и најчесто едноцифрени. Нашите бројки се исти како пред еден или два месеци. Тоа најдобро покажува колку “победуваме” и колку “пандемијата е под контрола”.
▶️ Како и во сите други области, и оваа ситуација се политизира, и се злоупотребува за претстојните избори. Со ист број на случаи дневно како во април – слободно можевме да ги одржиме изборите и на 12 април. Од една страна се бараат избори, а од друга страна бројките се исти, заради што се воведува полициски час. Ако изборите се во јуни – нема да се изненадиме доколку прогласат полициски час и за време на изборниот ден.


