На јубилејните 55. Рацинови средби, Велес повторно се врати на својот интелектуален вруток како центар на научната мисла.
На конференцијата Унапредување на статусот и корпусот на македонскиот стандарден јазик- Рацин и македонскиот јазик, земаа учество дваесетина филолози, научници и универзитетски професори од Македонија, Србија, Хрватска, Словенија и САД.
Не само што на овој начин го поттикнавте враќањето на сјајот на Рациновите средби како една од водечките културни манифестации во Македонија туку не потсетивте на сјајот на Велес од 19 век кога овој град беше вруток на македонската литература, култура и преродба. Искрено се надевам дека оваа конференција ќе биде првата од бројните научно-филолошки настани што по многу долго време ќе се вратат во нивниот изворник, во домот што природно им припаѓа,
изјави градоначалникот Коцевски.