Македонскиот професор, публицист, историчар и идеолог на Македонската револуционерна организација, за прв пат после долги години е заборавен од општинските власти во Прилеп и неговото дело за македонската кауза и борба не го заслужи нивното внимание.
На ниту еден од локалната самоуправа не му дојде на памет да се оддели макар половина час и да се положи цвеќе пред неговиот споменик во центарот на градот.
Ја покажаа на дело својата незаинтересираност и непочитување кон еден од најголемите прилепчани во македонската историја.
Денот на неговата смрт, остана не одбележана, без ниту еден цвет врз неговиот споменик.