Венко Андоновски (роден во Куманово, на 30 мај 1964) . Тој е Македонски писател (романописец, раскажувач, драмски автор, поет), есеист, критичар и книжевен теоретичар.
Венко Андоновски дипломирал на Филолошкиот факултет “Блаже Конески”, во Скопје. Тој е доктор по филолошки науки и работи како професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Андоновски е член на Македонскиот ПЕН центар. Во 1990 година постанал член на Друштвото на писателите на Македонија.
Нашиот Венко Андоновски ќе земе учество и ќе биде специјален гостин на Саемот на книга кој ќе се одржи на 24 и 25 мај учество. На 24 мај ќе учествува на меѓународна тркалезна маса со повеќемина странски писатели, на темата „Перспективите на книжевноста денес“, а на 25 мај е предвиден разговор за делото на нашиот писател, што ќе го води најпопуларниот руски писател во моментов, Евгениј Водолазкин, припадник на истата книжевна генерација како и Андоновски.
Венко Андоновски ѝ е добро познат на руската читателска публика, а минатат година беше и на Саемот на книга во Москва и имаше книжевен портрет во Јасна Полјана.
Тој беше и македонски кандидат за престижната Толстоева награда за книжевност во категоријата на странска книжевност (со уште 34 светски познати писатели).

Се претстави на Саемот на книгата во Москва со книгата „Азбука за непослушните“, преведена на руски јазик од Олга Панкина. Евгениј Водолазгин, истакнат современ руски прозаист, го номинира романот „Папокот на светот“ за престижната светска награда. Со оваа номинација, Андоновски беше еден од двајцата писатели од сите словенски книжевности (покрај Драго Јанчар од Словенија), кој се најде во друштво на далеку пославни светски конкуренти: Каѕуо Исигуро и Јан Мекјуан од Велика Британија, Тони Морисон и Мајкл Канингем од САД, Џонатан Литл од Франција, Амос Оз од Израел, Маргарет Етвуд од Канада, неколку важни автори од Германија и од многу поголеми јазични средини.