ИНТЕГРАЛЕН ТЕКСТ НА ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈАТА НА ВЕСНА НИЧЕВА ОД ОПШТИНСКИОТ КОМИТЕТ НА ВМРП-ДПМНЕ ОД ШТИП:
“Почитувани,
Какви се овие решенија што им се нудат на граѓаните во процесот на лекување од вирусот КОВИД-19?
Па зарем во Штип не требаше да се формира монтажен регионален КОВИД – центар?
За информација на граѓаните, поранешниот Градоначалник бараше од Советот на Општина Штип изнаоѓање флексибилна, мобилна и едноставна структура од монтажен карактер, која требаше да одговори на потребите во справувањето со Корона вирусот.
Уште на 29 јули, Советот на Општина Штип донесе одлука за формирање на ваков центар. Меѓутоа и тогаш знаевме, а и сега гледаме, дека таа одлука била залудна, затоа што власта нема абер од монтажна болница.
Меѓутоа, тоа не е единствениот проблем!
Откако се пополнија капацитетите на Инфективното одделение и откако се препраќаа пациентите на лекување во Кочани, раководните структури на болницата направија импровизирано одделение за болни од КОВИД-19 во Одделението за кожни болести.
И наместо да се фокусираат на доградба на долги години неизградената нова Клиничка болница, тие ветуваа монтажна болница.
Наместо да го формираат таканаречениот монтажен регионален КОВИД – центар, тие импровизираат Инфективно, во Кожно одделение.
Па така, власта веќе 9 месеци се врти во круг, додека граѓаните бараат тест повеќе, место повеќе, кислород повеќе.”