Во петок 26.08.2022 година во Пробиштип се одржа возобновениот Рудар Рок Фест 2022 година. И настанот беше спектакуларен а воедно и многу интимен.
За човек кој што беше сведок на “првите откровенија” на пробиштипскиот Рудар Рок Фест и тогаш беше дел од учесниците, вредеше после цели 20 години повторно да се биде дел од оваа приказна сега во возобновени повисоки рамки на манифестација. Повеќе го нема Канго, но духот негов и тоа како беше присутен.
Настанот започна со влевање адреналин уште со самите тонски проби на бендовите.
Со падот на темнината веќе атмосферата беше до таа мера наелектризирано што се чекаше главната експлозија.
Организаторот на овогодинешниот Рудар Рок Фест Александар Богатинов на отварањето на фестивалот ги соопшти мотивите за возобновување на Рудар Рок Фест.
После 25 години конечно од идеја успеав да направам настан, еден рок концерт кој што сите го посакуваме особено љубителите од овој град. Настанот го организираме за сите нас, голема благодарност на оние гости кои дојдоа од страна. Всушност приказната така и почнува пред 25 години. Група на млади љубители на музиката се собрале и рекле -еве доста шетаме автостоп, нон стоп летно време на рок концерти ваму-таму, ајде да си направиме еден и тука. Тоа тие луѓе пред 25 години го оствариле. Голем дел од тие чуѓе што биле организатори на тој рок концерт се и денес ка тука постојано ме поддржуваа, постојано беа со мене и голема благодарност до сите, посебно до оние кои што беа цел ден тука со мене: Даци Киро, Вац, Мацката, Боки итн. Долг ден но не очекува една долга убава вечер каде што ќе слушаме постојано рок музика,
-соопшти на почетокот на овогодинешниот Рудар Рок Фест организаторот Александар Богатинов.
Целото негово обраќање пред публиката може да го погледнете во продолжение: