Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во текот на денешниот голем христијански празник Успение на Пресвета Богородица беше во посета на граѓаните на Брегалничкиот Регион.
Претпладне Мицкоски беше во посета на Берово каде што со дел од своите соработници присуствуваше на верското чествување на големиот православен празник.
Од Берово Мицкоски упати своја честитка по повод денешниот празник до сите граѓани на Македонија.
“Почитувани граѓани на Македонија ви посакувам здравје, среќа и успех вам и на вашите семејства, на православните христијани им го честитам овој голем ден Успение на Пресвета Богородица”,
-соопшти Мицкоски во јавност.
Од Берово Мицкоски даде своја изјава за јавноста која во целост ја пренесуваме во продолжение:
Притоа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ имаше можност да се сретне со жителите на Берово со кои поразговарал за повеќе теми од нивното секојдневие.
Попладне Мицкоски ја посети црквата Успение на Пресвета Богородица во Македонска Каменица каде изрази свое жалење за немилата несреќа пред некој ден во која загина млад жител на оваа општина по што градоначалникот Димче Атанасовски прогласи тридневна жалост и ги откажа сите настани од јавен карактер по повод денот на рударите.
Во рамки на својата посета на Македонска Каменица Мицкоски беше во придружба со градоначалникот на општина Македонска Каменица Димче Атанасовски.



