Градинката “Детелинка” е место кое ми буди убави спомени од моите детски денови, ова е местото каде што ги стекнав првите знаења кои беа важен предуслов за моето идно школување.
![]()
Денес со задоволство ја гледам истата обновена во едно модерно светло кое нуди на идните генерации, на најмалите, квалитетни услови за воспитување и згрижување.
Објектот на градинката е реконструиран и надграден со уште еден кат, збогатен со модерни содржини за најмалите. Оваа инвестиција во износ од 23.5 милиони денари е заеднички потфат на Општина Крива Паланка и Министерството за труд и социјална политика, а истата е поддржана од страна на Светска Банка.
Ги следиме модерните текови во образованието и инвестираме во квалитетни услови за најмалите, ветеното го остваруваме и продолжуваме со нови проекти кои ќе обезбедат подобар живот за сите.
-извор: Љупчо Николовски- Министер за земјоделие, шумарство и водостопанство


