• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Регион

Видео:Груевски во Македонска Каменица: СДСМ спроведе избори со поткуп и закани, горди се дека ќе ги зголемат даноците

октомври 25th, 2017 Македонија, Регион коментари 693

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest

Имате кандидат кој е проверена работа, човек кој што знае да работи, човек кој што сака да работи, човек кој се докажа, човек кој го градеше своето работно искуство и во Скопје, во рамки на министерството за образование, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во Македонска Каменица.Дарко во последниве години направи многу проекти за кои вие сте свесни. Тој ја исполни програмата целосно 100 %, а и многу повеќе од тоа. Каменица доби одличен градоначалник, нема простор да се размислува за нешто друго, нема простор за експерименти. Имате човек кој знае да работи и многу ја сака оваа општина, кој ги сака овие луѓе. Тој се покажа во минатиот период. Со негова соработка се издејствува концесиите од рудникот да доаѓаат во буџетот на општината и со тие пари да се инвестира за поквалитетен живот тука за вас. Навистина, било кој експеримент ќе биде лош затоа што имате таков солиден градоначалник  што било каква друга одлука ќе биде голема грешка и непоправлива понатаму, им порача Груевски на граѓаните на Македонска Каменица барајќи ја од нив поддршката за кандидатот за градоначалник Дарко Митевски.

Груевски посочи дека актуелната власт изминатиов период втерува страв, покажува агресија, ја злоупотребува полицијата.

-Со тоа беше одбележан првиот круг од изборите на кој многу граѓани беа заплашени и имаше многу поткуп. Тоа беше една димна завеса за да не се види реалната слика во која живее народот. Погледнете како овие 5 месеци додека се на власт повеќе нема проекти, не се зборува за економски достигнувања или за некои нови инвестиции. Нема веќе нови спортски сали, нема нови училишта, нема фабрики, нема водоводи, нема нови канализациски мрежи. За пензионерите кои ги измамија и за нови проекти во земјоделието и да не зборувам. Не само што нема, туку и почнаа да кратат субвенции најавувајќи дека од следната година тој што има помали приноси нема да добие субвенции. Го укинаа покачувањето на пензиите. Не само што нема нови проекти туку нема ни во најава проекти. Немаат нов проект, а ги кочат тие што ние почнавме да ги градиме. Покажаа дека се неработници. Згора на се без срам, се фалат дека ќе ги зголемеле даноците. Јас знам  едно време и ние се фалевме дека ќе ги намалиме и ги намаливме даноците, ама да се фали Владата дека ќе зголеми даноци тоа не можам да го разберам. Денес слушнав изјава на потпретседателот на Владата, Анѓушев, вели дека „зголемувањето на даноците нема да биде на штета ниту на граѓаните ниту на компаниите, дури и од корист ќе им било“. Јас такво нешто не сум чул можеби човекот да конкурира за некоја Нобелова награда, некоја нова теорија е ова. Во светот паѓаат влади која ќе најават зголемување на даноци и кога ќе ги зголемат. Во Македонија, Владата се гордее дека ќе ги зголеми даноците. Дека ќе плаќате персонален данок повеќе што значи дека од вашата бруто плата ќе оди повеќе за државата, а помалку за вас. Дека можеби и ДДВ ќе се зголемува што значи дека цените ќе се зголемат, дека данокот на добивка може да се зголеми, тоа значи фирмите во кои работите профитот кој ќе го направат ќе им се намали и наместо да ви ги зголемат платите тие пари ќе ги дадат на државата. И со тоа се гордеат, посочува Груевски.

Тој потенцира дека откако СДСМ е на власт нормалното станува ненормално, а ненормалното-нормално.

-Видовме како спороведуваат избори. Нема да зборам само за пукнатиот череп на градоначалникот на Шуто Оризари, за убиениот носител на советничка листа, за искршените штабови, за измислените кривични пријави против градоначалниците. Ќе ви пренесам едно искуство од она што се случува сега на терен. Илчо Захариев од Штип ми вели „Се борам против цела Влада и цела полиција. Ме следат и првиот ден после првиот круг ми упадна финансиска полиција“. Го следат секој ден со цивилни коли, им влегуваат по домовите кои тој ќе ги посети. И методот е ист, ако не успее поткуп, следува закана или уцена. Тони Трајковски од Гази Баба ми вели „Со денови еден ист човек дели пари во Јурумлери и околните населени места. Среде бел ден и мака си нема. Пријавив во полиција, нема реакција. Ги информираме набљудувачките мисии, но тие се неми“. Во Новаци им се заканувале дека ќе ги избркаат од РЕК Битола, а во скопски Бутел полицијата, активистите на СДСМ и криминалното подземје се едно исто исповрзани и во најголемо партнерство. Тоа е слика во скоро секоја општина каде има избори во вториот круг. Така беше и во првиот круг, порача Груевски.

Освен за политичката ситуација, Груевски пред граѓаните на Македонска Каменица говореше и за проектите од новата програма со која ја бараат довербата.

Во 2006 година кога дојдовме на власт во Македонска Каменица работеа околу 800 луѓе, а заклучно со 2016 година вработеноста во Каменица изнесувала 1.800 вработени и ова е зголемување на вработеноста за 120 проценти, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот митинг во Македонска Каменица.

Вака се работи, а не да се продава ветер и магла и живот, треба да се обезбеди работа, квалитетен живот плата како и услови за живеење и развој за семејството. По победата на овие избори за учениците од прво до петто одделение ќе се обезбеди бесплатен здрав оброк кој ќе го финансира општината, а на тој начин родителите ќе добијат растеретување на нивните буџети. Општината и градоначалникот Дарко Митевски ќе обезбедат можности за стекнување на граѓаните со сопствен дом за оние кои што го немаат по симболична цена за само едно евро за квадрат, а ќе се укинуваат и трошоците и комуналиите за градење на куќи. Освен тоа ќе се отпишуваат и долговите за социјално ранливите категории заклучно со септември 2017. Нудиме концепт во кој ќе нема неосветлена и неасфалтирана улица и каде ќе има парк во секое маало, а ќе се изградат нови и ќе се реконструираат постоечките улици, потенцираше Груевски.

Тој додава и дека ќе се изгради и пречистителна станица на Каменичка река, а ќе се изградат и нови водоснабдителни системи во  руралните средини, а ќе се реновира и училиштето „Свети Кирил и Методиј“ и ќе се отвори нова детска градинка.

Груевски во Македонска Каменица: СДСМ спроведе избори со поткуп и закани, горди се дека ќе ги зголемат даноците

由 Брегалнички.мк 发布于 2017年10月25日

 

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава ДИК ги потврди резултатите од првиот изборен круг
Следна објава Груевски: Во Македонска Каменица ќе изградиме нова градинка, парк во секое маало и ќе ги реконструираме сите улици
Може да Ве интересира:
Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина
Институции

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

април 1st, 2023 265
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 386
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 374
Донација со опрема за ЈП "Солидарност" Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија
Институции

Донација со опрема за ЈП "Солидарност" Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

ноември 23rd, 2022 458
Реализирани дневни активности на ЈП "Стипион" Штип 23.11.2022
Институции

Реализирани дневни активности на ЈП "Стипион" Штип 23.11.2022

ноември 23rd, 2022 397
Кој и зошто им ја секнува водата  во домовите на жителите на с. Град, делчевско?
Институции

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

ноември 22nd, 2022 520
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 383
Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза
Институции

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

ноември 21st, 2022 402
Улицата "Браќа Даневи" во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата
Институции

Улицата "Браќа Даневи" во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

ноември 21st, 2022 312
Жена на денот
Џесика Алба- Небесниот ангел кој слезе на земјата

Џесика Алба- Небесниот ангел кој слезе на земјата

924
Маж на денот
30 факти за животот на Киану Ривс

30 факти за животот на Киану Ривс

1451
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско
Што да се види?

Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско

Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор
Што да се прави?

Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој
Што да се прави?

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020
Што да се прави?

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град
Што да се види?

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град

Неделни топ 5 на Брегалнички
СДСМ не направи ништо за да ја стабилизира депонијата во с. Лески во изминатите 4 години и не знаат за начинот на третирање на истата
Регион

СДСМ не направи ништо за да ја стабилизира депонијата во с. Лески во изминатите 4 години и не знаат за начинот на третирање на истата

Апр 13th, 2022 440
Софија Лорен- Последната кралица на златното доба на Холивуд
Жена на денот

Софија Лорен- Последната кралица на златното доба на Холивуд

Мар 8th, 202026
Брижит Бјанка Ван Дам-опасна како и татко и'
Жена на денот

Брижит Бјанка Ван Дам-опасна како и татко и'

Авг 11th, 201826
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Шпицен градоначалник?!? Да се биде или не?
Колумна

Шпицен градоначалник?!? Да се биде или не?

Окт 29th, 202224
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.